(ВИДЕО) Груевски потврди: Одиме на избори на 24 април

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски потврди дека избори ќе има на 24 април.

Ова Груевски го кажа по завршувањето на средбата со политичките партии од коалицијата “За подобра Македонија“.

Република Македонија мора да оди напред. Веќе неколку денови политичките лидери водеа интензивни разговори, државата и граѓаните предолго се заложници на деструктивна политика. Влогот беше огромен-дали граѓаните ќе продолжат да живеат во маглата на политичката криза, или сето ова ќе го оставиме зад нас?

Дали ќе има дадеме можност на граѓаните да го одберат патот напред за нашата нација или ќе им дозволиме на политичарите кои со манипулации имаат за цел да ги парализираат состојбите, да продолжат да не спречуваат да одиме напред, рече Груевски.

Четирите партии и во измените на изборниот законик се согласија дека 24 април е оптималниот термин за избори. Тие договорија и изгласаа во Собранието да има избори на 24 април.
Цврстото стоење зад изборите кои беа договорени од страна на сите партии, е реафирмација во нашата верба во демократијата. Ова е реафирмација на основното верување дека сета моќ на нашата влада доаѓа од граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија денеска се откажаа од сите забелешки кои ги имаше во однос на методологијата за прочистување на избирачкиот список предложена од страна на ДИК. Партијата и коалицијата денеска целосно ја прифати предложената методологија за чие спроведување има капацитети и време, рече Груевски, наспроти тврдењето на претсдеателот на ДИК дека нема време.

ДИК и МВР на чело со Оливер Спасовски имаат капацитет да гарантираат фер и демократски избори.
Време е да одиме напред, за многу години ќе може да погледнеме назад и дакажеме-Ова беше денот кога заврши политичката криза, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“