Груевски: Поддршка за изградба на селски домаќинства, велнес и спа центри

Од:

Во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ е предвидено продолжување на субвенционирањето на туризмот што е исклучително важно за Дојран, истакна денеска лидерот на оваа партија и носител на кандидатската листа за пратеници во Четвртата изборна единица Никола Груевски на собирот со граѓани во Дојран.

– Ќе продолжиме со субвенции за привлекување на странски туристи за што ќе издвоиме нови шест милиони евра, како и финансиска поддршка за дополнителен број нови дестинации по прифатливи цени на билетите, рече Груевски.

За првпат, како што посочи, се предвидува финансиска поддршка при градење или адаптација на селски домаќинства на семејни фарми во рурални средини кои ќе се користат за туристички цели.

Груевски рече дека со програмата е предвидена финансиска поддршка во износ од 60 отсто од докажаните трошоци, но не повеќе од 200 илјади денари. Овие средства ќе бидат наменети за набавка на опрема и инвентар, како и за уредување на просторот на селските домаќинства.

Во наредниот четиригодишен период, ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага и за стимулирање на инвестициите во модерни туристички велнес, спа и здравствени центри преку промоција на можностите за инвестирање пред домашните и странски компании. Особено, додава Груевски, ќе се презентираат поволностите кои се нудат за изградба на објекти во рамки на слободната зона.

Тие поволности се ослободување од данок на добивка и персонален данок на доход на примањата врз основа на платите на вработените лица во период од десет години и ослободување од ДДВ и царински давачки при увоз на медицинска опрема и добра наменети за изградба на градежен објект за банско-климатско лекување со сместување и физикална медицина и рехабилитација во рамки на слободна здравствена зона.

Груевски најави и продолжување на реставрацијата и промоцијата на старите чаршиии во државата. Пазарџиите кои ќе сакаат да го формализираат својот бизнис, ако пријават и регистрираат фирма, ќе бидат три до пет години ослободени од плаќање на социјални придонеси, а ако се под 35 години, и од плаќање на персонален данок.

Преку ИПА програмите, посочи Груевски, ќе бидат ставени на располагање средства за развој на туристичката инфраструктура односно грантови кои се наменети за градба на туристичка инфраструктура од страна на општините, националните установи и паркови.

– Ќе поддржиме формирање на специјалистички и туристички агенции за дојдовен туризам. Основна цел на овие туристички агенции ќе биде создавање македонски туристички пакет, спроведување проекти за подобрување на квалитетот на туристичката понуда, мапирање и брендирање на одредена локација и нејзина промоција, рече Груевски.

Осврнувајќи се на реализираните проекти во Дојран во изминатиот период, Груевски посочи дека сега двојно е зголемен борјот на странски туристи кои ја посетуваат Македонија.

Во програмата за следните четири години, како што рече Груевски, е планирано формирање туристичка развојна зона во Нов Дојран, набавка на нов пловен објект до 25 лица за туристичко разгледување на Дојран, поставување на платформа и урбана опрема, како и мал детски базен и ново детско игралиште. 

– Ќе изградиме и музеј и наколна населба на брегот на Дојранското Езеро,ќе го реконстурираме Военииот камп во Дојран, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ, додавајќи дека е планирана и изградба на нова спортска сала, повеќенаменско игралиште, две кошаркарски игралишта, повеќенаменско игралиште за ракомет, одбојка и фудбал на песок, современ фудбалски терен опремен со вештачка трева. -Ќе изградиме голф игралишта во Дојран, додаде Груевски.

Во прогрмата на ВМРО-ДПМНЕ планирана е и реконструкција на неколку патишта како третата фаза од Црничани-Дојран и Нов Дојран-Фурка, изградба на секундарна канализација, реконструкција на воениот камп во Дојран, реконструкиција на вториот блок на пречистителната станица за отпадна вода во Дојран,….

Груевски ги повика граѓаните во недела да излезат и да го дадат својот глас за ВМРО ДПМНЕ односно за опцијата која, како што посочи, гради, создава и се грижи за граѓаните.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски