Груевски – Петерле: Интеграциските процеси темелна определба на Македонија

Од:

За Владата членството во Европската унија претставува значајна стратешка определба за што интензивно се работи во реализацијата на натамошни реформи кои ќе овозможат напредок, истакна премиерот Никола Груевски денеска на средбата во Скопје со ко-претседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет на  Република Македонија и Европската Унија, Алојз Петерле.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата соговорниците разговараа за интеграциските процеси на Република Македонија, реформите кои се реализираат во повеќе општествени сфери и исполнувањето на мерките согласно планот за напредок и членство на државата во Европската унија и НАТО, како темелна определба на Република Македонија.

– Мерките кои се преземаат во економијата, креирањето поволна бизнис клима, стимулирањето на инвестициската активност, се со цел да се помогне на стандардот на граѓаните во насока на негово зголемување, внесување стабилност и сигурност кај граѓаните, рече Груевски.

Паралелно, нагласи Груевски, се преземаат мерки во повеќе општествени области чија цел е исполнување на зацртаните критериуми, подобрување на квалитетот на работата и овозможување напредок во различните полиња, за што е потребно откочување на процесот и напредок во интеграциските процеси на државата.

На средбата беа разменети мислења за актуелната политичка ситуација во државата, при што премиерот Груевски ја истакна важноста и се заблагодари на активната поддршка и иницијативност и на Мешовитиот парламентарен комитет и на Европската унија за надминување на политичката криза.

Соговорниците разговараа и за надворешно – политичките односи важни во процесот на европски интеграции, при што премиерот Груевски ја истакна значајноста на регионалната  соработка на повеќе нивоа, како и определбата на државата за градење добрососедска политика.

Европратеникот Петерле денеска во Скопје се сретна со копретседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ Кенан Хасипи и со членовите на комитетот од македонското Собрание, а имаше разговори и со лидерот на ДУИ Али Ахмети и со попретседателот на СДСМ Радмила Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов