Груевски: Ова што го прави СДСМ на сопствениот народ и држава е рамно на цунами

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска одржа прес-конференција по повод 100 дена од Владата на СДСМ и коалицијата на која што рече дека во првите 100 дена Владата спровела партизација, незаконско работење, укинување и блокирање на проекти, економско тонење, задолжување, неработење и непромислени и површни потези.

Груевски рече очекувал повеќе и подобро работење, но дека сега на сите им било јасно каков експеримент ѝ се случува на Македонија и дека граѓаните можат добро да споредат и да се потсетат како е кога СДСМ е на власт.

– Многу искрено ќе истакнам, и така сакам да бидам сфатен дека сум сериозно, сериозно загрижен за правецот во кој оди економијата. Економијата е клучна работа која се однесува на сите граѓани без разлика на пол, вера, нација и партија, и оваа неспособност и непосветеност која СДС ја покажува на ова поле може да доведе до сериозни ризици и далекусежни последици. Ако вака продолжат ќе има страшен удар врз макроекономијата, и тие предизвици нема да можат да бидат надминати во неколку мандати потоа од кога ќе се вратиме на власт, а тоа ќе биде брзо, рече Груевски.

Тој забележа на најавите за зголемување на даноците, што според него ќе придонесело за осиромашување на населението, послаби перформанси на компаниите и закочување и уназадување на економијата.

Груевски рече дека владата на ВМРО-ДПМНЕ оставила 60 инвеститори кои биле на чекор пред одлука за отворање на фабрика, но дека тие не биле исконтактирани.

Тој рече дека Владата нема започнато ниту еден инфраструктурен проект, а вети 500 нови километри автопат.

– Автопатот Демир Капија – Смоквица го завршивме, а остана да се премести само еден далновод кој се решава во една недела, и да се заврши сигнализацијата за не повеќе од еден месец. Но Владата со прст не мрдна за ова прашање, и наместо автопатот да е пуштен во употреба, а граѓаните безбедно и брзо да патуваат по најмодерно автопатско решение, само заради омразата на Заев кон ВМРО-ДПМНЕ се принудени 30 километри да патуваат бавно и по една лента плашејќи се за својата безбедност. Изградбите на Автопатите Скопје – Штип и Кичево-Охрид на кои работеа по над 1000 работници дневно се речиси прекинати. Без сериозна причина и повод, се откажаа од изградба на автопати со несоодветно и неаргументирано образложение за некаков проблем, кој ве уверувам дека се решава во од и многу брзо, но само доколку се работи, а овие наши конкуренти не работат и тоа е видливо за секого, рече Груевски.

За договорот за добрососедство со Бугарија, Груевски рече дека предвидува обврски само од македонска страна и дека во овие 100 дена се случила една од најголемите дипломатски кризи со Србија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја критикуваше и состојбата во здравството и рече дека иако се случила најцрната недела во која што десетина дечиња ги загубиле животите, одговорност немало и ја критикуваше нетранспарентноста при појавата на заразни болести и криење на информации.

Владеењето на новата владата Груевски го оцени како цунами и повика на локалните избори да започне падот на оваа власт.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска повторно демонстрира неверојатна способност за исчезнување кога советниците поставуваат прашања