Груевски: Одржувајте го автопатот, немој да го видам оштетен кога ќе се вратам!

Од:

Поранешниот премиер Никола Груевски од Будимпешта го честиташе официјалното пуштање во употреба на автопатот Миладиновци-Штип и напоменува дека тоа е дело и приоритетен проект на владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој пишува дека 90 проценти од автопатот ги заврила претходната власт, но и порача актуелната власт редовно да го одржува патот за да не го види оштетен кога ќе се врати.

„ЈОГА МАЈСТОРИТЕ И ИЗГРАДЕНИОТ АВТОПАТ

Да прашам, за тие што веќе го пробале?…како е новиот автопат Скопје-Штип??

Веќе неколку недели се вози низ него, па да прашам за оние кои го возеле или пак ги возеле: задоволни? ?

Се радувам што оваа “главна артерија” за источна Македонија се заврши. Не само што се започна, туку 85-90 осто овој автопат се заврши додека на власт беше ВМРО. Требаше да е готов до крајот на 2017 година, ама што од неспособност и неработење на актуелните функционери, се еден до еден “јога мајстори”??‍♂️, што од желба да направат перцепција дека над две години нешто божем многу работеле? овие експертиве за држење говори на промоции на туѓи проекти и кај нас во земјата и низ соседните држави, го “влечкаа” ? завршувањето на автопатот до скоро. За да можат и тие нешто да прослават.????

Првата идеја но и мислење за важноста за градба на овој автопат, првиот предлог дека треба да биде ставен во приоритетните проекти, ми ја даде еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ г.Васил Наумов, во првите година-две кога дојдовме на власт, при што скромно напомена дека ако само постојниот пат се прошири ќе биде голем успех.Тогаш ми се виде тешко остварливо и само го ислушав.

Бреин стормингот почна(бреин дреинот, што би рекол Заев). Ќе имало или не доволен број возила како критериум за да добиеме кредит, дали банките ќе го подржат, колку би чинел, дали е исплатлив и многу други прашања висеа над глава кога го размислував и дискутирав со соработниците.

По неколку години почнавме со првите активности. А кога ќе се почне нешто и ќе се заврши, па макар на крајот дошле на власт вакви “дрва за работа”? и деструктивци ?како овие хохштаплери ?сега.

Сепак, за последните 10-15 % од изградбата и тие имаат заслуга што ги завршија и јас сакам чесно да го кажам тоа. Несакам да бидам како нив. Од “немај каде” беше нивново, ама го завршија. Иако тие ќе се “пењават”?да не убедуваат дека наместо за Штип, трасата била промашена, па градбата тргнала за Зелениково, ама “нашиве спасители” го исправиле и уште и многу заштедиле итн, итн. ??

Се изнадржаа говори низ соседните земји на отворање патишта, па ајде нека “удрат” и еден говор за овој автопат, белким ќе ги фати “маја”.?

Стариот пат кон Штип секоја година носеше поголем број жртви, особено во зима на неколку “црни точки”. Со новиот треба да е како по аеродромска писта…?

Но, и стариот кој води од Штип кон Велес, го проширивме и од т.н. регионален пат со две коловозни ленти, го претворивме во експресен пат со четири коловозни ленти. Иако одамна е готов, немам против и таму “да удрат” по еден говор овие од неспособната влада, кои не започнаа ниту еден крупен проект, од почеток осмислен и подготвен од нив. ?️‍♂️

Голем труд за овој пат вложија Миле Јанакиески кому “за награда и благодарност” сега го малтретираат и се изживуваат со него по судови и затвори, Владо Пешевски, Зоран Ставрески, три директори на Државни патишта, Наташа Валкановска, Љупчо Георгиевски и Александар Стојанов, сите нивни соработници и администрација под нив, но и други институции кои не се гледаат а без нив не се може, како на пример Катастер, Управата за имотно правни односи, Агенција за просторно планирање, проектантскиот куќи и повеќе други. Вакви проекти бараат тимска работа и многу стручност, посветеност, организација и координација, време и енергија. Честитки за сите?

Без подршката со кредит со многу ниска камата од само 2% годишно од НР Кина, немаше да успее проектот, бидејќи сите други можни институционални кредитори не ни даваа согласност за кредит бидејќи по нивните интерни критериуми немало доволен број возила годишно. Немаше интерес ниту за јавно приватно партнерство. И тоа пробавме со меѓународен повик преку оглас во Фајненшел Тајмс. Благодарност до актуелниот кинески премиер и неговиот претходник но и до целата кинеската влада. Лично неколкупати ги молев да помогнат во повеќе наврати. Честитки и до изведувачот Синохидро и до македонските градежни компании кои всушност го изградија повеќе од половина. Најмногу честитки до сите вредни и стручни работници кои градеа на теренот.

Ова што ме прогонуваат на суд и што Заев наредил да ме осудат, не е за овој, туку за другиот автопат меѓу Кичево и Охрид кој во време на ВМРО се заврши над 50 осто. Обвинението ми е дека…, внимавајте…, сум вршел влијание на соработниците за неговата градба да биде побрзо и да заврши пред наредните парламентарни избори кои требаше ако беа редовни да се одржат во 2015 година, и тоа сум го правел со цел да остварам “корист” а користа отценија дека била дека тоа ќе сум добиел повеќе гласови на изборите. Овие рекетарите што сега се на власт, не ги интересира таква корист. По друга корист се тие.

Да, така ми гласи обвинението, а се “потепаа” на јавноста да и го престават дека било за корупција, проценти, провизии и слични лаги, со аудио матерјали извадени од контекст во кои се договара висината на гаранцијата за градбата. Снимки кои воопшто СЈО не ги предложи како докази во обвинението кон мене, а ги користеа само преку “независните” медиуми за политичко- пропагандни цели. Да не е трагично, би било само смешно.

Но, како и да е, нека е аирлија автопатот Скопје-Штип за сите кои ќе го возат.
Овие лоповите од власта, нека се потрудат барем да го одржуваат како што треба?.

Немој кога ќе се вратам да го видам упропастен! ??

?Поздрав од Будимпешта??✊“, напиша Груевски.

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

Орце Костов

Мицкоски: Преписката со Груевски не ме прави среќен, но нема да прифатам валкани сценарија за промена на Уставот

А1он