Груевски утринава замина на одмор во Турција

Од:

ВМРО-ДПМНЕ извести дека Никола Груевски деновиве ќе замине на летен одмор во Турција.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во следните денови ќе летува со своето семејство во Република Турција, каде што ќе престојува во приватнa режија и аранжман, известија од партијата.

Информацијата од партијата всушност пристигна откако Груевски со семејството изутринава со патнички авион замина за Турција. Неофицијално, извори од аеродромот информираат дека Груевски со обезбедување од неколкумина со оружје, по вип процедура влегол во авионот во 9.30 часот кој летал за Истанбул до аеродромот “Кемал Ататурк“.

Претходно, Груевски минатиот месец речиси една недела беше на свадба во Италија. Груевски беше фотографиран на аеродромот во Рим, по што од партијата објаснуваа дека е на свадба кај личен пријател.

Изминативе години, од партијата информираа каде летува Груевски, но откако во јавноста ќе се појавеа фотографии на тогашниот премиер. Така беше со летувањето во Израел, кога во јавноста се “крена прашина“ за скапите очила со кои се сончаше Груевски.

Екс премиерот не е првпат да замине на одмор во Турција.

Би можело да ве интересира

Летовите се откажани, а наставата е прекината во неколку провинции во Турција поради лоши временски услови

Седум полицајци повредени во антитерористичка операција во Турција

Училиштата во 17 турски провинции се затворени поради снежни врнежи

Уапсена актерка од „Сулејман Величествениот“

Нови апсења во Турција за наместени натпревари, меѓу приведените е и поранешниот потпретседател на Галатасарај

Турција приведе 115 осомничени членови на Исламска држава