Груевски: Од утре СДСМ ја презема одговорноста за државата, брзо ќе се вратиме на власт

Од:

ВМРО-ДПМНЕ направи многу реформи и крупен исчекор во секоја сфера, се решија сите проблеми. Македонија немала власт со поголем учинок. Сепак, во последните неколку години бевме предмет на операција од надворешни структури за да не променат, изјави во неговиот говор вечерва во Собранието, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

– Со прекршување на принципот победник со победник, со понатамошни чекори спротивни на деловникот, спротивно на волјата на народот се издејствува ново мнозинство а наскоро и нова Влада. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија направија се што е во наша моќ, рече Груевски.

Тој кажа дека ќе имало голема штета од личните и партиските интереси идека главната причина беше за смената на ВМРО-ДПМНЕ од власт биле политиките на името на Македонија.

– Времето ќе покаже кој е во право. Народот даваше најголема поддршка на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, а СДСМ трпеше порази. Сакам да ги потсетам СДСМ што тие ни оставија, а ние не оставаме. За почеток ќе кажам дека ние во 2006 затекнавме едвај 1 милион евра на сметката на Македонија и долгови од 30 милиони евра. Тоа беше блокирана сметка. За разлика од нив оставаме полна каса и здрав буџет, со намалени даноци од оние кои ги наследивме. Го намаливме ддв то на лекови, јавен транспорт, туризам, масло за јадење и други. Затекнавме високи даноци. Минатата година Македонија беше прогласена за држава со најмали даноци. Сега после изборите имаме конкретна најава за 80 зголемување на персоналниот данок на доход. Оние кои со своето образование и труд се бореле за висока плата, ќе земаат пониска. Наследивме државен долг од околу 39 отсто од бруто домашниот производ, сега покрај сите кризи, нивото на државниот долг е скоро исто. Таа една од најмалку задолжена. Денес над 732 илјади граѓани се вработени. Оставивме над 170 илјади повеќе вработени од што затекнавме, а тоа е најважно за сите граѓани на Македонија, кажа Груевски.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ рече дека денес, отворањето нови фабрики е секојдневие, а затворањето вистинска реткост.

– Немавме ниту еден инвестициски промотор, ги најдовме цел тим луѓе од дијаспората. Денес доаѓа состав на влада која нема да се замара со тоа. Има две работи за кои цел свет ни честиташе а тоа беше отворање на нови работни места и ниски даноци. Новата власт бара враќање на се по старо. Ние имаме донесено до крај, договори за влез на компании во Македонија, а со тоа и нови работни места. Покрај ова многу нови работни места се програми за наредните три години. Просечната плата во 2006 беше 11.700 а денес 22.700 денари. До 2006 владата на СДСМ одбиваше да се прецизира најмала плата, денес имаме. Најниските пензии во Македонија пораснаа над 70 отсто. Субвенции за земјоделците речиси немаше, до денес 1 милијарада се исплатени. Платите во администрацијата се покачени над 30 отсто, рече Груевски.

– Македонија ја наследивме со граѓани кои очекуваа визии. Денес се патува низ светот без визи. Реформи од нас ќе се бараат секогаш. Новата влада се сили дека ќе ги направела новите реформи од Европската комисија. Ние направивме многу реформи во судството, администрацијата и медиумите. Овие кои следуваат ќе бидат такви. Пак по 4-5 години ЕК ќе побараат нови. Реформите се процес и така треба да биде. Наследивме земја од СДСМ која беше на дното по индексот на корупција. Ако по утрото денот се познава, тогаш времето ќе покаже кој е во право. Се што правевме правевме за сите. Не ги делевме меѓусебно, рече Груевски.

Тој рече дека на некој му било потребно да создаде негативна перцепција кај Албанците и дека тоа бил краторочен успех, бидејќи делата на власта на ВМРО-ДПМНЕ ќе останеле, кога вештачката магла ќе се крене.

– Честитки за народот кој мирно и упорно протестираше цели 80 дена, честитки за претседателот на државата и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Од утре СДСМ ја презема одговорнсота за водење на државата. Знам дека во првите 6 месеци одговорноста ќе ја префрлате кај нас, а тоа ќе биде само оправдување на неспособноста. После 26 демократија, народот е искусен и тоа нема да ви помине. ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори за интересите на државата. Државниот ќе остане пред партискиот и личниот интерес. Членството во НАТО и ЕУ ќе остане приоритет. ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на браникот на државата. Повикот за предвремени парламентарни избори останува отворен, заврши Груевски.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година