Груевски: Од тројното раководење во СДСМ проблеми ќе има и државата

Од:

СДСМ на моменти има двојно, а некогаш и тројно водство. Тоа особено се виде во разговорите за продолжување со работата на Комисијата за настаните од 24 декември. Ова го истакна премиерот Никола Груевски во одговор на прашање по официјалното означување на работите за изградба на патот за населбата Сончев Град во Сопиште.

– Во СДСМ еден човек издава една команда, а се случува нешто друго, а и тој самиот не знае што му се случило зошто тој вели да одат на десно, а тие одат на лево. Мене ми е жал што е тоа така, особено затоа што не можеме да завршиме некои значајни работи што се важни за државата и тоа што земјата може да има последици, изјави премиерот Груевски.

Тој посочи дека нерешавањето на прашањето со Комисијата ќе се рефлектира во следниот извештај на ЕУ, а во крајна линија може да резултира и со недобивање препорака за почеток на преговори.

– Проблемите на СДСМ внатре во партијата директно ќе се рефлектираат на проблеми во државата и тоа сериозни проблеми. Се надевам дека ќе се најде начин СДСМ внатре во партијата да се консолидира, да се договорат и да имаат едно водство во интерес на државата, потенцира Груевски.

Бидејќи, како што кажа, со двојното и тројното раководење не само што СДСМ ќе има проблеми, туку ќе има и државата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“