Груевски од Неготино: Време е да го испорачаме одговорот за штетните политики и уривањето на институциите

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг во Неготино истакна дека очекува победа на претстојните локални избори, а потоа и распишување нови предвремени парламентарни избори.

– Доаѓа нова ера, време е да им го испорачаме одговорот за сите штетни политики и за уривањето на институциите, како и за сите блокирани проекти. Народот ќе ги симне од власт и тоа ќе започне на 15 октомври и ќе заврши многу брзо со нови парламентарни избори, рече Груевски.

Во своето обраќање упати критики кон власта за, како што наведе, штетниот договор со Бугарија, поставување на некомпетентни кадри, за хајки и политички прогони на опонентите, за притисок врз медиуми, судии, администрација и кон странски инвеститори. Се осврна на нереализираните ветувања, како што посочи, за просечна плата, за најавите на зголемување на даноци, запирање на крупни проекти во градежништвото. Ја обвини власта и дека планира населување на мигранти во Македонија.

Нагласи дека Неготино е тиквешки крај и дека актуелната власт заборавила на земјоделците. Потсети на сите реализирани проекти во Неготинско од претходната влада. Најави нови проекти, меѓу кои и за донесување дополнителни количини вода за Неготино, инфраструктурни и комунални проекти, мини винарии и индустриски зони, мали и средни компании, образовни и спортски проекти, како и отворање дневен центар за деца со посебни потреби.

– Македонија ја гледаме како членка на ЕУ и на НАТО во стратешко патнерство со Америка, рече Груевски.

Тој се осврна на нивниот план на кој работеле во изминатиов период, а со кој се предвидува отворање на нови 150 илјади работни места во Македонија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред неготинчани даде ветувања и за поголеми плати, намалување на сиромаштијата, подобро образование. Имаат исто така планови да растат субвенциите и пензиите, кое како што рече, сега е запрено. Нагласи дека на изборите одат со конкретни работи и добро осмислена визија, а не со демагогија.

На митингот беа претставени кандидатите за советници. Зборуваше кандидатот за градоначалник од Коалицијата „За подобра Македонија“ Златко Пенков.

Кандидатот за градоначалник Пенков најави довршување на проектите за комплетно решавање и подобрување на водоснабдувањето во Неготино, асфалтирање улици во градот и сите населени места, обезбедување и регулирање на паркинг простор во градот, изградба на кружни текови за побезбеден сообраќај, уредување на централни подрачја во села, фекални канализации, реконструкција на градски пазар, изградба на нова детска градинка, ивнестиции во образовни објекти и во комуналната сфера, урбанизација на индустриска зона, реконструкција на спортски објекти.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ не се Албанците, ДУИ е криминалната коалиција на злото

ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ е последната партија која има право да држи лекции за борбата против корупцијата, криминалот и политичките влијанија

ВМРО-ДПМНЕ: Четири години локална власт во Кисела Вода предводена од ВМРО-ДПМНЕ, четири години развој на општината

Ѓорѓиевски: За прв пат во историјата на Македонија наеднаш се градат многу училишта, градинки, спортски објекти и патна инфраструктура

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Албанците не се загрозени – загрозени се само милионските шеми и криминалните комбинации на ДУИ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче, 20 дена не е појавен во Македонија