Груевски: Од деструктивната политика на СДСМ најмногу губат граѓаните

Од:

Да се овозможи во понеделник седница на Парламентот и да се изгласа продолжување на мандатот на советите на општините и на градоначалниците, за да не трпат граѓаните кои што не се виновни што СДСМ сака да си игра деструктивна политика, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

– Веќе половина месец градоначалниците и советите се нефункционални и очигледно е дека од страна на СДСМ се купува време. Нивната деструкција продолжува. Од таа деструкција најмногу губат граѓаните. Граѓанинот е тој што чека потпис од градоначалникот. СДСМ директно за да му наштетат на некој градоначалник всушност наштетуваат на граѓаните, изјави Груевски.

Посочи дека Заев и СДСМ ја блефирале јавноста дека ќе чекаат прво да го добијат мандатот од претседателот па потоа да преминат кон продолжување на мандатот, иако мандатот и гласањето во Парламент немаат никаква врска.

– Го добија мандатот и оттогаш молчат, се кријат и ги нема никаде. Дури минатата недела кога се собраа партиските претставници го договорија датумот 15 октомври за избори и договорија дека треба да се продолжат мандатите. Се потпиша законското решение, но до ден денеска ниту се закажува седница, ниту се говори за тоа, изјави Груевски.

Нагласи дека секое одолговлекување ќе значи дека СДСМ и понатаму се обидуваат да најдат некој начин да ги одложат локалните избори договорени за 15 октомври.

– Апелирам да не се занимаваат со деструктивни работи. Со тоа се губи, како што тие губат на десет изборни циклуси од 2005 година па наваму, изјави Груевски.

Би можело да ве интересира

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ бара обвинителот Коцевски да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Пожарите околу Скопје беа органзирана акција