Груевски: „Нова ера“ е време во кое ќе се работи и ќе се мисли на народот

Од:

Направивме стратегија за наредната декада во Македонија, наречена „Нова ера“, време во кое ќе се работи, ќе се мисли на народот и на Македонија, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија Никола Груевски од митингот што вчера се одржа во Карпош.

– Најмногу посветивме внимание на економијата, невработеноста, нискиот стандард, квалитетот на живот…Ние, кои во минатата декада отворивме 173.000 нови работни места, оценивме дека може да бидеме сигурни и да ветиме дека во наредната декада ќе се отворат најмалку 150.000 нови работни места и имаме кредибилитет тоа да го ветиме. Во наредната декада растот на економијата ќе биде четири проценти повеќе од БДП и тоа ќе придонесе за преполовување на невработеноста кај младите луѓе и намалување на севкупната невработеност под десет отсто, рече Груевски.

Планот, посочи тој, е до крајот на наредната декада невработеноста да се намали за десет проценти, сиромаштијата за три четвртини.

– Работевме на сите сектори, на здравството, на образованието, на екологијата. Во образованието предвидуваме во наредната декада, најмалку еден универзитет во Македонија да биде квалификуван во првите 200 универзитети во светот според Шангајската листа, додека нашите основни и средни училишта да се квалификуваат во првата половина на листата на Пиза, рече Груевски.

На митингот се обрати и кандидатот за градоначалник на општина Карпош и лидер на ГРОМ Стевчо Јакимовски, кој истакна дека во неговиот досегашен мандат на оваа функција секоја одлука што ја предложил од 2009 до денес Советот ја поддржал бидејќи се работело во интерес на граѓаните и за подобар Карпош.

– Тоа го сторив и во 2013 година кога направивме коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, од која Карпош досега доби најголем плод и најголем исчекор во инфраструктура, фасади, кровови, поддршка на ученици, социјално загрозени лица и нема дел од општина Карпош кој што не сме го претресле, нема катче кое не сме го асфалтирале, нема една коцка која не е поставена од мене, вели Јакимовски.

Тој вети дека Карпош е слободен за паркирање и понатаму ќе остане, дека сметот во општината ќе го решава со инвестиција од 150 илјади денари за подземни контејнери, а ќе ги зголеми и површините со зеленило.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ претходно вчера одржаа митинг и во општина Бутел каде говореше и кандидатот за градоначалник Дарко Костовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат апсолутни победници на локалните избори, вели Мицкоски

Во Албанија изборен молк пред делумните локални избори

А1он

Поткуп од 1500 денари за глас во Кочани

А1он

Илиевски: Итна и целосна гасификација на сите домаќинства и индустриски капацитети во Куманово

А1он

(ВИДЕО) Шилегов: Скопје станува европска метропола каде луѓето се важни

А1он

Шилегов: Реконструиравме 40 градски улици и изградивме четири нови булевари во Скопје

А1он