Груевски: Ноемвриските пензии ќе бидат зголемени за 5 проценти

Од:

Ноемвриската пензија, која ќе биде исплатена на почетокот на декември годинава за околу 300 илјади пензионери ќе биде покачена за 5 проценти или за околу 670 денари месечно по пензионер, без разлика на политичката криза која влијаеше на економијата во земјава, но беше ублажена од преземените чекори на Владата. Досега просечната пензија беше зголемена за околу 70, а минималната за околу 90 проценти, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Политичката криза, рече тој, влијаеше негативно врз економијата, но сепак Владата во изминатите две години преземаше многу чекори за да се пресретнат негативните ефекти од политичката криза и колку што е можно повеќе да се ублажат, намалат или минимизираат.

– Тоа даде успеси, веројатно ако немаше такви чекори економијата и состојбата ќе беа многу лоши и многу работи ќе се случеа поинаку отколку што се случија. Што се однесува до пензиите, и покрај сите проблеми што ги создаде политичката криза, се предвидува сега ноемвриската пензија што ќе биде исплатена на почетокот на декември да биде зголемена за 5 отсто, онака како што претходно беше ветено и онака како што беше изгласано со Буџетот минатата година, така што тоа ќе биде едно ново зголемување на пензиите, остварено едно од нашите ветувања, истакна Груевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

(ВИДЕО) Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош