Груевски – Николиќ: Продолжува градењето на добрососедски односи

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, синоќа оствари работна вечера со претседателот на Република Србија, Томислав Николиќ на која ја истакнале својата посветеност на продолжувањето на градење на добрососедски односи и на соработката во областа на културата, образованието и останатите општествени дејности.

Како што соопшти Кабинетот на премиерот, на средбата беа истакнати добрите билатерални односи кои постојат помеѓу двете земји, и беше изразена посветеноста за нивно понатамошно надградување и динамизирање. Беше потенцирано дека двете земји ќе продолжат да работат на зголемување на економската соработка, засилување на трговската размена и поддршка на инфраструктурните проекти кои се од интерес за двете земји.

Премиерот Груевски го истакна македонското искуство во поглед на реформите кои ги спроведува државата и кои наидоа на позитивни оценки од Европската Комисија во последниот извештај за напредокот на Република Македонија кој содржи позитивни квалификации за напредокот на земјата и препорака за определување на датум за почеток на преговори за членство на Република Македонија во Европската Унија.

Соговорниците, како што се наведува, разговараа и за реформите кои ги спроведуваат двете земји за унапредување на различните општествени сфери, со осврт на справување со последиците од европската должничка криза, и механизмите и можностите за надминување на предизвиците кои се предизвикани од неа, и обезбедување на услови за раст и развој на економиите и подобрување на стандардот на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он