Груевски: Невистина е дека сум татко на криминалот

Од:

Премиерот Никола Груевски на денешното сослушување во судот рече дека изјавите дадени од лидерот на СДСМ Зоран Заев за продажбата на Македонска банка се невистини и клевети од најтежок вид.

-Заев има измислено сценарио на една интензивна кампања за изнесување невистини и за повредување на мојот углед и чест. Невистини се дека сум татко на криминалот и дека сум зел 1, 5 милиони евра и сум ја оштетил државата се неплатем данок и сум ја продал Македонска банка. Тоа се измислици. Цел живот не сум имал никаков судир со законот. Во контакт со домашни пријатели и странство изјавата предизвика тешка душевна болка и вознемиреност поради бескрополозниот напад на мојата личност. Размислувава дали може да се смисли нешто потешко за уништување на нечија личнот, рече Груевски.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев пак посочи дека снимката му ја дал Ден Дончев, а кого судот одби да го повика како сведок.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски