Груевски: Не се повлекувам од премиерската функција

Од:

Премиерот Никола Груевски во интервју за „Фајненшл тајмс“ вели дека е подготвен да ги прифати предлозите на опозицијата за распределба на клучните позиции во периодот до предвремените избори, но не прифаќа да се повлече од премиерската фунција.

„Со тоа (барањата за оставка) не се согласуваме. Само граѓаните имаат право да кажат кој треба да влезе во владата, а кој да биде во опозиција“, вели Груевски.

Груевски не ја исклучува, исто така, ниту можноста од промени во Државната изборна комисија за да добие поголеми овластувања.

„Подготвени сме да прифатиме многу идеи кои ќе ја зголемат довербата на опозицијата кон изборниот процес“, порача Груевски.

„Ги поканувам набљудувачите на ОБСЕ и од секаде. Колку повеќе ќе дојдат, толку подобро за нас, бидејќи ќе видат дека сè ќе биде направено на фер и демократски начин“, вели Груевски во интервјуто, пренесе Мета.

Би можело да ве интересира

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски