Груевски не отпатува во Хрватска поради маглата на скопскиот аеродром

Од:

Посетата на премиерот Никола Груевски на Република Хрватска е одложена поради лошите временски услови на аеродормите во Скопје и во Загреб.

Посетата на Хрватска ќе се реализира во друг термин, што ќе се утврди дополнително.

Премиерот Груевски денеска во Загреб требаше да се сретне со неговиот хрватски колега Зоран Милановиќ, со претседателот Иво Јосиповиќ и со претседателот на Саборот Јосип Леко, како и со претставници на македонската заедница во Хрватска.

Маглата на скопскиот аеродорм „Александар Велики“ е причина за откажување на повеќе полетувања и слетувања во текот на ноќта и изутрината.Единствено полетал авионот на „Виз ер“ кон Бергамо во шест часот изутрината.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Сите резиденти на Аеродром ќе може да паркираат на сите зони во општината без надоместок

Избрана нова влада во Приштина, Курти е премиер по трет пат

Хаос во Амстердам: Поради невреме откажани над 800 летови на „Шипхол“

Поради намалена видливост откажани се 20 летови

Предраг Петровиќ

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он