Груевски: Не го напуштаме Собранието

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, изјави дека партијата нема да го напушти Собранието, одговарајќи на новинарско прашање по денешното рочиште за судењето за насилството во Општина Центар.

„Немаме таква одлука“, одговори Груевски на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го напушти Собранието.

Во врска со вчерашната средба кај Ѓорге Иванов, заедно со премирот Зоран Заев, Груевски рече дека била организирана со цел да се смират тензиите.

„Немам некакви детали за средбата. Претседателот Иванов во обид да ги смири тензиите во општеството што се создадоа по политичките хајки, нè повика на разговор“, рече Груевски.

Тој исто така обвини дека судот има двојни аршини, кога е во прашање неговото судење и судењето против Зоран Заев за случајот „Поткуп“.

Груевски повторно изјави дека не чувствува вина и дека не стравува од санкции.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“