Груевски не ги признава резултатите и бара предвремени парламентарни избори

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски поради како што рече државниот терор од хунтата на Зоран Заев нема да ги признае овие избори.

– Заради силување на државата и изборното насилство, бруталниот терор, притисоци, масовниот поткуп, кривичните дела кои ги направија изборите, ВМРО-ДПМНЕ не ги признава овие избори, рече Груевски.

Ајде Заев ако си толку јак, да одиме на избори. Ако ние можевме по Пржинскиот модел да одиме на избори да видиме дали можеш и ти.

Тој побара седум услови од Заев меѓу кои оставка на претседателот на ДИК, оставка на директорот на Агенцијата за медиуми, итна истрага на уредите за прислушување на УБК поради сомневање дека се прислушуваат најмалку 100 лица од ВМРО-ДПМНЕ, завршување на случајот „Поткуп“, основање на СЈО кое ќе има задача да ги расчисти нерегуларностите од 2016 и 2017 година како и ослободување на сите обвинети за случувањата од 27 април 2017.

– Ајде да видиме кој е за демократија, кој е силен, а кој не е силен. Ако Заев има доблест, треба веднаш да ги прифати сите седум точки. Македонија оди во лош правец, а хунтата на Заев ја турка во сериозни ризици, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Гаши: Локалните избори ќе се распишат во првата половина од август

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Мицкоски: Резултатите на локалните избори ќе покажат чија политичка реторика е исправна

Гаши локалните избори ќе ги распише во првата половина од август

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

СДСМ во Струмица за градоначалник го предлага Марјан Даскаловски – Костадинов не е дел од трката за локалните

А1он