Груевски не дава оставка: Изборите беа нерегуларни и недемократски

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изборите ги прогласи за недемократски и нерегуларни, со нефер услови.

-Имаше физички пресметки, убиства, закани. Се креираше атмосфера на страв. Добивме информации и за директен поткуп на гласачи. Денешниот изборен ден помина со бројни нерегуларности, узурпација на државните ресурси, поткупување гласачи, има сериозни индиции за манипулација со гласачките ливчиња што отвора сомнеж за организирана кражба на гласови.

За сите нерегуларности ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе претставки пред соодветните органи, изборите не се завршени, а ВМРО-ДПМНЕ е огромна партија. Ќе следи анализа на изборите и резултатите, со цел да се утврди што беше погрешно направено за да добиеме подобар резултат.

Јас имам највисока одговорност за резултатите, за сето тоа за причините за резултатите ќе се дискутира веднаш по периодот на завршување на изборите.

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината