Груевски: Нашиот труд покажа дека држиме до зборот и создаваме

Од:

Мнозинството граѓани ќе даде масовна и огромна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија. Граѓаните имаат многу причини за тоа, прво заради сè одработено од ВМРО-ДПМНЕ, сиот минат труд, сите нашите остварени ветувања и реализирани програми. Нашиот труд покажа дека држиме до зборот, создаваме многу, се грижиме за граѓаните, тука сме и во добри и тешки времиња, решивме многу проблеми, но има и уште за решавање. Тоа е една една од причините зошто граѓаните ќе го поддржат ВМРО-ДПМНЕ, истакна на денешниот митинг во Кратово Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во четвртата изборна единица.

– Втората причина е новата програма во која се нудат многу проекти кои се во корист за секој граѓанин која ќе реши многу проблеми, покачување плати, пензии, субвенции, проекти кои ќе помогнат земјата да се движи напред, да се намали невработеноста. Една од причините е и тоа што СДСМ го прави во изминативе две ипол години, заради лични и цели на нивните сценаристи. Го држат во заложништво народот бидејќи се испаразиле со некого. Тоа народот го препозна и тоа е причина на изборите на 11 декември СДСМ да биде жестоко казнет заради продавање на националните и државни интереси, заради непочитта кон сопствениот народ, посочи Груевски.

Тој додаде дека кога СДСМ минатата година побарале предвремени избори, ВМРО-ДПМНЕ веднаш прифатиле, но тогш започнале сценаријата на опозицијата најпрво со фантомите.

– Фантомите беа причина за повод на политичка криза кога Зоран Заев излезе на прес конференција и кажа дека заради фантоми нема да влезе во парламентот и не ги признава изборите. ДИК, во која тие имаат доминација, мнозинство, ги објави финалните списоци во кои јасно стои дека нема 500.000 фантоми како што тврдеше тој, туку ќе гласаат 5.000 повеќе луѓе во Македонија.Каде се сега фантомските гласачи? Каде се сега да излезат и да им кажат на граѓаните, молчат сега ги нема, а свесно лажеа 2 милиони луѓе. Каде се да излезат и да кажат како излезе 5.000 повеќе луѓе да има. Ова е причина повеќе да бидат казнети на 11 декември и ќе бидат казнети, вели Груевски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски