Груевски: Народот да ги казни петтоколонашите

Од:

Премиерот Никола Груевски, на 25-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ најави победа на предвремените избори во 2016 над СДСМ и силите од надвор кои стоеле зад нив, повикувајќи се и говорејќи во „име на народот“.

– Иако обединета како никогаш досега, партијата се соочи со удари од надвор . Во последните 5 до 6 месеци партијата го пребродува најсилниот удар досега. Во неможност да биде победена во нормална политичка битка, на демократски начин, противникот соработувајќи со мрачни сили, се обиде на најбрутален начин да ја сруши партијата нанесувајќи штета на државата. Но наместо тоа, тие ќе се срушат себе си, сакајќи нам да ни направат стапаица, влегоа во стапица, во предвремени парламентарни избори во кои ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, рече Груевски.

25godDpmne

– Иако претходно не планиравме избори, иако веруваме дека ќе биде прв мандат до крај, сепак СДСМ помогната од други сили според Заев, се гледа дека нема да запре со урнисување на државата. Овој пат потребна е интервенција на народот, преку негово масовно учество преку фер и демократски избори, каде народот ќе одговори и на нив и на нивните поддржувачи.

Во овие 5 до 6 месеци издржавме нешто кое никој во Европа и светот не го издржал, го издржавме најсилниот удар против нас, но за конечна разврска и прекин на правењето штета на економијата. За предвремени избори сме подготвени уште сега, но нашиот противник не сака. Во април 2016 година, народот преку најсилната поддршка за ВМРО, ќе им објасни на овие неработници, дека не подлегнува на интриги и манипулации.

Оваа лекција, нашиот политички опоненет ќе ја научи во април 2016 година, а нивните сценаристи ќе мора да прифатат дека овде има луѓе кои размислуваат со своја глава и ум и ќе мора да сметаат на нив.

25godDpmne12

Одиме во голема победа, која ќе се памети после се што помина нашата земја, победа која поради контекстот, како причина стои зад предвремените избори ќе влезе во учебниците и историјата. Ќе се учи како не треба во демократско општество да се манипулира со интелегенцијата на народот.

Премиерот Никола Груевски, пред како што рече „храмот, нашата тврдина, палатата Христо Татарчев“, односно новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ повика на пресметка со петтоколонашите во државата.

25godDpmne1

– До домашните петтоколонаши една порака-нивните игри, има народ кој ќе ги спречи, тоа мора да се покаже, ако сакаме да бидеме ценети како држава. Да се покаже, дека не може да се сруши, со ваква крупна игра, да се сруши државата, а народот да не го казни, рече Груевски.

Тие влегоа во стапица, и сега сакаат да ги одложат изборите, тоа нема да им го дозволиме, тоа нема да им го дозволат и оние на кои полагаа надеж, меѓународната заедница, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања