Груевски со најмногу неоправдани во Собранието

Од:

Според последниот извештај на Собранието на Република Македонија, „Мојот пратеник“ кој ги опфаќа активностите на пратениците во законодавниот дом од периодот од 1 јануари до 30 јуни оваа година, како најнепримерен во однос на присуството на седниците е поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Никола Груевски. Поранешниот премиер во првото полугодие на Собранието имал вкупно 31 отстуство од кои дури 21 неоправдано.

Груевски во овој период присуствувал само на 3 пленарни седници на кои имал само 1 излагање.

Покрај Груевски, најголем број отстуства имаат пратениците кои беа во притвор, Љупчо Димовски 37 отсуства, Љубен Арнаудов 52 отсуства, Крсто Мукоски 53 отсуства, Сашо Василевски 52 отсуства и Јохан Тарчуловски со 37 отсуства.

Според бројот на дискусии во Собранието како најактивни во последните 6 месеци се покажаа координаторите на пратеничките групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Томислав Тунтев во вкупно 36 излагања од кои 16 дискусии, 14 реплики и 6 процедурални, и Драган Данев со вкупно 54 излагања од кои 12 дискусии, 18 реплики и 24 процедурални.

Најприсутни пратеници на пленарните седници во Собранието со 55 присуства се Анета Симеска-Димоска, Далибор Богдановски, Никица Корубин, Чедомир Саздовски, Лидија Тасевска, Маја Морачанин, Мирослав Јовановиќ, Фросина Ташевска-Ременски, Мира Стојчевска, Панче Иванов, Сашко Костов, Славица Шуманска, Горан Мисовски, Катерина Кузманова, Костадин Костадинов, Милева Ѓоргиева, Ристе Ташев, Агим Шаќири, Алија Камберовски, Бети Рабаџиевска-Наумовска, Сурија Рашиди, Ѓулумсер Касапи, Талат Џафери и Татијана Лалчевска.

Од 1 јануари до 30 јуни одржани се вкупно 24 работни седници од кои 5 седници посветени на пратенички прашања, 2 обраќања и една свечена седница. Од овие седници заврешни се 16, а незавршени 8.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата