Груевски на средба со Жбогар: Интерес на ВМРО-ДПМНЕ се фер избори

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски оствари средба со новиот шеф на делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Самуел Жбогар.

„Соговорниците се осврнаа на европските интеграции на државата, чекорите и мерките кои се превземаат, а се во насока на напредок на процесите, како и актуелните политички случувања во државата. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски ја афирмираше стратешката цел за влез во Европската унија, како значаен приоритет на државата, и важноста на соработката во насока на исполнување на зацртаните критериуми. Груевски посочи дека интерес на ВМРО-ДПМНЕ се фер, кредибилни и демократски избори како единствено решение за наметната политичка криза. Тој истакна дека во тој процес важна е соработката и конструктивниот пристап на сите субјекти вклучени во изборите, овозможувајќи им на граѓаните исполнување на нивното демократско право на избор“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

Орце Костов

Мицкоски: Преписката со Груевски не ме прави среќен, но нема да прифатам валкани сценарија за промена на Уставот

А1он