Груевски на средба со Заниер: Единствен излез од кризата се брзи предвремени парламентарни избори

Од:

Никола Груевски заедо со партиска делегација од ВМРО-ДПМНЕ денеска остварил средба со делегацијата на ОБСЕ предводена од Генералниот секретар, Ламберто Заниер.

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес (09 март 2017та година) заедно со партиска делегација составена од Никола Попоски, Никола Тодоров, Антонио Милошоски, Илија Димовски и Александар Николоски оствари средба со делегација на ОБСЕ предводена од Генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер.

На средбата Генералниот секретар на ОБСЕ ги повтори јавно изнесените ставови за актуелните теми и области.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше изразено незадоволство од Тиранската платформа која се создаде под покровителство на соседна држава и преставува обид за репреговарање на Охридскиот рамковен договор, како и дека таквата платформа не беше гласана и не доби доверба од граѓаните на последните избори.

На средбата беше истакнато од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека е нарушен е принципот на коалицирање на победник со победник, кој што беше силно застапуван од ДУИ, но и од претставниците на меѓународната заедница, и пријателските држави. Нарушувањето на овој принцип значи исклучување на мнозинството македонци од процесот на одлучување, што преставува изигрување на нивната волја изразена на последните избори.

Беше истакнато дека единствениот излез од кризата се брзи предвремени парламентарни избори, кои би можело да се одржат заедно со локалните избори на кој граѓаните би гласале за програми кои би биле понудени и однапред познати.

Беше посочено дека ВМРО-ДПМНЕ се залага за мултиетничка и граѓанска држава, во која подеднакво ќе се почитуваат правата на сите заедници, наместо бинационална каква што се фаворизира со тиранската платформа и партиите кои ја одобрија и прифатија, при што беше изнесена опасноста дека тоа би довело кон федерализација на државата и понатамошни тензии.

Во однос на темата граѓанско општество и организациите кои дејствуваат во државата од ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека најголемиот дел од граѓанските организации се финансирани од еден ист извор Џорџ Сорос, а тие средства во Македонија се употребуваат најчесто за исти политики цели кои се во правец на една иста политички идеологија, на тој начин оневозможувајќи плурализам во граѓанскиот сектор. Десороризацијата за која се залага ВМРО-ДПМНЕ пред се значи повеќе средства од владата за невладините организации со цел тие да не бидат зависни од еден ист извор, со цел воведување на плурализам во нивното дејствување“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски