Груевски на конференција за Западен Балкан на ЕПП во Брисел и средба со Јозеф Дол

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, денеска и утре претстојува во дводневна работна посета на Брисел, каде главен настан е конференција за Западен Балкан што во организација на Европската народна партија (ЕПП) се одржува во Европскиот парламент.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, покрај учеството на оваа конференција, каде е најавено присуство на голем број на видни политичари од Европа, Груевски денеска е предвидено да се сретне и со Јозеф Дол, челникот на ЕПП, која е најсилна политичка партија во Европа и чија асоцијативна членка е ВМРО-ДПМНЕ.

Поранешниот премиер на Република Македонија, кој во Брисел е придружуван од меѓународниот секретар на партијата Александар Николоски и од членот на Извршниот комитет и поранешен министер за надворешни работи, Никола Попоски, во текот на утрешниот ден, пак, има набиена агенда на билатерални средби со голем број на европратеници, а предвидено е и да се сретне со еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан. Тема на разговорите е состојбата во Македонија и евро-атлантските аспирации на земјата, односно како најбројната партија во Европарламентот може да и помогне на македонската држава за да напредува во овој процес.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела