Груевски на Фејсбук сподели цитат од Иво Андриќ

Од:

Експремиерот Никола Груевски на неговиот Фејбук профил сподели фотографија со цитат од Иво Андриќ.

– Несреќен е оној кој мора некој да понижи, за да се издигне себе си, гласи цитатот.

Адвокатите на Груевски денес поднесоа жалба до Кривичниот совет со кој што бараат одложување на затворската казна на експремиерот.

Претходно одбраната на Груевски по одлуката на Апелацискиот суд со која се потврди одлуката на Кривичниот суд, поднесе жалба за одложување на затворската казна која беше одбиена од страна на судијата одреден за извршување на санкција.

Ова е последна можност на Груевски за одложување на казната пред случајот да отиде во Врховниот суд. Доколку кривичниот совет го одбие и ова барање, Груевски ќе мора да се пријави во затворот во Шуто Оризари.

Би можело да ве интересира

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

(ВИДЕО) Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош