Груевски: На 27 април ќе славиме двојна победа

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вечерва од митингот во општина Аеродром истакна дека в недела, на 27 април ќе слават двојна победа. Победа на Ѓорге Иванов за претседател на државата и победа на ВМРО-ДПМНЕ со најмалку 62 места во Парламентот.

– Останаа уште само седум дена од 27 април, кога заеднички Македонија ќе прослави победа на Ѓорге Иванов и негов втор мандат за претседател на Македонија и 62 пратенички места за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, потенцира Груевски.

Потсети дека на 13 април народот во огромно мнозинство ја искажал својата доверба, давајќи 450 илјади гласови за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата – Иванов.

– Тоа беше огромна, силна, голема, моќна победа со 123 илјади гласа разлика. Тоа е недвосмислен израз на волјата на граѓаните. И од тука сосема е јасно што ќе се случува на 27 април. Граѓаните ќе дадат уште посилна поддршка за Ѓорге Иванов, кој ќе победи со над 500 илјади гласови. Убеден сум дека ќе дадат силна поддршка за 62 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, рече Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ денеска одржаа средба со граѓани во скопските општини Сопиште, Студеничани и Зелениково, и митинг во општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина