Груевски: Мирни протести, насилството нема да биде толерирано

Од:

Премиерот Никола Груевски денеска уште еднаш апелираше на мирни протести во врска со пресудите за случајот „Монструм“.

Одговарајќи на новинарско прашање, Груевски нагласи дека се она што ќе произлезе како акт на насилство нема да биде толерирано од страна на институциите.

– Протестите се демократска придобвика и секогаш кога некој има потреба да протестира, јас тоа го поддржувам. Честопати многу луѓе и групации од различни протести придонеле за развој на некои процеси во општеството, меѓутоа не можам да поддржам, а и никој во државата и надвор од неа, не поддржува насилство. Тоа институциите нема да го дозволат, изјави Груевски по промоцијата на лабораторија на ФИНКИ на Природно-математичкиот факултет.

Македонскиот премиер потенцира дека институциите имаат капацитет да се справат во секакви ситуации и да ги заштитат интересите на граѓаните и државата.

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Убиен за 10.000 евра бидејќи се сомневале дека предал дел од обвинетите за „Монструм“

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски