Ние сме политичка партија која е посветена и сака да помогне на секого во државата. Тоа го правиме ќе продолжиме да го правиме. Тоа е една од големите разлики по кои се разликуваме од СДСМ. И на овие изборите ќе победиме поради нашиот минат труд и делата, поради држење на дадениот збор, но и поради новата програма, истакна вечерва во Свети Николе, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и носител на кандидатската листа во ИЕ4.
Посочи дека во Македонија се променија многу работи од кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, а граѓаните го осетиле тоа на своја кожа.
Посочи дека во времето на СДСМ, невработеноста се зголемува, додека во времето на ВМРО-ДПМНЕ таа се намалува.
– Не само минатиот труд и програмата наречена „Реално“ ќе не донесе до нова голема победа. Граѓаните овој пат имаат и специјална причина поради која ќе ги поразат СДСМ. Затоа што ги потценија, во овие две и пол години земјата ја ставаа во криза заради свои и нечии туги цели. Не само што слушаме дека ја напуштија теоријата дека ќе победат туку сега шират теорија и за широка коалиција. Тоа нема да се случи. Тоа нема да ја реши кризата. И сега имаме на некој начин широка олаиција па ништо не се промени. Нашата победа ќе биде огромна и на СДСМ нема да им текна да бараат широка коалиција, рече Груевски.
