Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Од:

Деновиве забележав повеќе коментари во делот на правниот аспект на новиот закон кој владата го предложи до парламентот а се однесува на третаманот на санкциите на други држави кон македонски граѓани и фирми и фокусот беше на не уставноста на Законот. Мојот коментар за оние кои ја оспоруваат уставноста е дека не постои прекршување на устав кое Добрила Кацарска не може да го оправда и прогласи за акт кој е во согласност со уставот (како што не постоеше обвинение како дел од политички прогон што не можеше да го преточи во обвинителна пресуда додека беше судија), ако на извршаната власт така и се допаѓа и ако таа има полза од тоа. Според тоа, да спротивно на уставот е, но уставниот суд ќе го прогласи за уставен ако така одговара на политичарите, вели во својот фесбук пост поранешниот премиер Никола Груевски.

Притоа тој вели:

Тој закон има поголеми последици од правните. Има длабоки политички последици по суверенитетот и иднината на државата.

1. Одамна напишав дека Македонија во овој момент е дефакто протекторат. Некогаш го употребував синонимот полу протекторат. Овој закон е прв чекор кон дејуре протекторат или кон полн законски протекторат.

2. Јас сум речиси сигурен дека овој закон не го барале САД или Велика Британија, бидејќи никаде во светот таков нема, во ниту една земја, мислам дека би им било незгодно да го бараат од една суверена земја бидејќи би оделе против своите основни вредности за демократија. Но сигурен сум дека повеќе власт, полуги и моќ во друга држава нема да им пречи, ако таа држава сама одлучи така. Знаеме дека во малите земји големите сили особено сојузничките имаат големо влијание. Било така и ќе биде. Но, се тоа има некоја граница и некои непишани правила. Некаков усул. Има ли земја членка на ЕУ ваков закон? Се разбира дека нема. Никој нема!

Ваков закон нема ниту во една земја на Африка, Азија, Јужна Америка, а за Европа и Северна Америка да не зборуваме. Значи Македонија ќе се зајакнува со закон кој не постои никаде во светот и не постои во ниту една земја членка на ЕУ. Зошто на пример Чешка нема ваков закон? Или Полска, Унгарија, Австрија, Германија, Франција, Романија, или Србија, Грција, Италија, Шведска, Турција, Мексико, Мали, Боцвана, Џибути, Ирак, Шри Ланка, Јужна Кореја, Виетнам и останатите.
Делува како власта да е цврсто решена да ја претвори Македонија од полупротекторат во целосен и официјален законски протекторат.

Криминал и корупција повеќе или помалку има и во земјите членки на ЕУ, и низ сите други низ светот. Зошто тие не воведат ваков закон? Никој од нив нема ваков закон. Нормално, не се луди…Мислам дека Законот е некаво замислено оружје со кое овие од власта се закануваат на некои актуелни активни политичари во Македонија кои им се противници, а не ги гледаат долгорочните последици од Законот. Значи дневна политика, во која не знаат како да се справат па ја уриваат сувереноста на народот во земјата.

3. Сите знаеме дека народот има најголема власт еден ден во четири години, освен ако нема предвремени избори. Тоа денот на парламентарните избори. Ајде да речеме и денот на локалните и претседателските избори, иако најголемата моќ е кај првото. Со овој закон таа власт и воља на народот ќе може други држави да ја променат или спречат. Тоа го нема никаде. Тоа е дополнително губење на сувереноста на државата. Овојпат и со законски утврдени права на други држави. Едноставно ќе стават на листата на санкции кој политичар не им одговара, и тој ќе мора да се повлече или да не завземе политичка функција. Народот избрал, ама странската држава во нашата држава не дава и ја урива вољата на народот искажана на избори. Токму тоа е она што го нема никаде во светот.

4. Неспорно е дека САД и Англија ни се сојузнички држави. Но, нема ниту една сојузничка држава на светот што на друга сојузничка држава и дава вакво законско право да елиминира политичари по своја одлука. Да, тие можат да стават некој политичар на листа на санкции и неспорно е дека со тоа ќе му нанесат политичка и друга штета, но, не можат да го тргнат од државна функција или да спречат да добие таква, ако тој и народот не сакаат или ако внатреполитичките околности не го налагаат тоа. Во секоја држава само народот е тој кој на избори ги елиминира политичарите. Народот на избори прави “црни листи” и “санкционира” во однос на тоа кој може, а кој не да биде пратеник, министер, директор, премиер и слично. А не други земји, макар и сојузнички.

5. Сега со овој закон овие две држави ќе стекнат голема предност во влијанието во Македонија над другите сојузнички земји кои немаат листи со санкции или имаат но не се така актуелни. На пример Франција, Германија, Италија, Холандија, Белгија, Грција, Бугарија итн. По одреден број години можеби и некој од тие земји ќе сака да ја добие таа привилегија и ќе воведе т.н. санкции или црни листи, па со право, на основа на тоа што се сојузници и што веќе е направен преседан, ќе бараат и тие да бидат вметнати во Законот. Така апсурдот ќе расте, македонските политичари во иднина ќе дојдат во ситуација да не знаат чии странски интерес и чие надворешно влијание поправо да го задовололат, бидејќи иако сојузници за стратешката геополитика, сите тие држави имаат илјадници свои засебни економски, политички или безбедносни интереси и секој ќе врши притисок за остварување на својот интерес, со “мечот во воздухот” кој ќе стои над главата на секој иден политичар во Македонија, кој треба да донесе некоја значајна одлука што ги засега интересите на други земји. Ќе знае дека ако не исполни што се бара од него може да биде прогласен за корумпиран, ставен на т.н. “црна листа”, со тоа законски да се отвори истрага и да треба веднаш да ја напуштаат функцијата која ја добил на слободни избори од сопствените граѓани.

6. На некои форуми забележав среќни граѓани поради Законот, затоа што сметаат дека со ова ќе се решат корупцијата и криминалот. Мислам дека се во голема заблуда. Криминалот и корупцијата ќе продолжат. За година, две или пет сите ќе го констатираат тоа. Да се решаваше вака тоа прашање, сите досега вака ќе го решеа. И немаше да има корупција. Всушност криминал и корупција има секаде па дури и кај тие што “ќе ни го решаваат проблемот”, само не како во Македонија.
Криминалот и корупцијата може да се реши со промена на општата свест, со реформи во правосудниот систем и со избор на чесни политичари , а не со претворање на државата во протекторат.

Ниту ќе станеме Англија, ниту Америка. Ние имаме сопствен пат кој сами мораме да го изодиме. Тие може да помогнат на тој пат, но само граѓаните на државата треба да ги носат одлуките во сопствената демократија. Се друго е протекторат.

Протекторат е кога одлуките на друга држава се над одлуките на граѓаните на нашата држава односно граѓани. А фактор што со Законот се подготвува секој кој ќе се стави на санкции, веднаш да му се отвори истрага и веднаш да се повлече од функцијата, укажува на класично политичко елиминирање. Плус имаше и некои небулози дека ако работеле во државната администрација ќе ја загубеле работата, кои не знам дали поминаа во последната верзија.

7. Санкциите се политички инструмент. Знаете ли какви тешки криминалци и лопови има низ дражавите низ светот, вклучително и меѓу политичарите во државите, па не се санкционирани, бидејќи политички не се интересни за државите кои санкционираат, или дури можеби имаат некаков политички интерес од нив. И обратно, има многу случаи каде нема никакви или нема доволно докази за криминал, или случаите се во сверата на шпекулациите и политичките местенки, па некого ќе стават на листа на санкциите заради нивни политички цели. Тие се држави кои си имаат свои политички цели и тоа е нормално. Не можеме вина да бараме во нив заради нашите глупави одлуки.

Затоа велам дека санкциите се чист политички инструмент за спроведување на политички цели на една земја во други. Не велам дека нема ситуации каде навистина криминалци и корумпирани се опфатени на тие листи, секако дека има и многу такви, но всушност има се и сешто. Амбасадите на тие земји кои претпоставувам се главниот извор и база на информации на државните институции на странски земји кои носат одлуки за санкции, ниту сѐ, ниту можат, ниту треба да бидат истражни одделенија на обвинителства, судови, финансиски полиции и сл. на суверени држави со свои институции. Тие (амбасадите)прибираат информации од разни заинтересирани страни или од жртви на корупција, или некогаш од лажни жртви од корупција и наводен криминал, кига некој сака да направи штета или да елиминира некого, но и тие се веројатно свесни дека не сѐ што им кажале е точно. Овој закон ќе стане дополнителен товар за нив, ќе овозможи зголемен јавен притисок на амбасадите, затоа што ќе бидат преплавени што од вистинити, што од не вистините жалби и поплаки кои тие немаат капацитет да ги проверат, а обвинителството ќе ги проверува одкако некој веќе ќе е на листа на санкции и политички елиминиран.

Амбасадите претпоставувам добро знаат, дека честопати биле свесно или не свесно доведувани во заблуда и правеле грешки, како и секој друг. Инаку, ако амбасадата претходно достави информации од допрен глас до обвинителството, за секоја посериозна информација по допрен глас обвинителството треба да направи проверки, и доколку собере докази од било кој извор, вклучително и од странци или странски амбасади, треба да отвори обвинение, и за тоа не треба никаков специјален закон.

8. Спотивно на заложбите и неговата цел овој закон исто така ќе биде голем притисок на обвинителите, судиите и другите институции за борба против криминалот.
Ќе смее ли некој да се спротистави на веќе донесени и јавно објавени одлуки на така моќни држави? Нема да е лесно за еден обвинител или судија да каже во некои ситуации дека наводите примени од таа и таа амбасада не се доволно докази или дека нема докази или дека низ истрагата биле побиени. Тешко дека ќе се најде таков јунак во македонскиот правосуден систем. А таа земја веќе некого ставила на црна листа. Тогаш и самиот обвинител или судија размислува на начин дека ризикува и него да го стават на црна листа, дека и тој ќе мора да го потврди тоа што некоја моќна амбасада го изрекла јавно. Така е најконфорно за нив. Не само што нема да има последици за нив, туку може и да се наградени. Каде е тука правдата? Ја нема!

Друга држава која нема можност да изврши стручна и детална истрага става некого на листа за санкции и тоа де факто е веќе пресуда на врховниот суд за тоа лице, бидејќи никој во правосудниот систем нема да сака да се изложи на ризик да се спротистави на одлука на такви моќни држави. Плус ако е политичар е елиминиран од политика. Ако е бизнисмен му се уништува и бизнисот. Тоа не е држава, тоа не е систем, тука нема сувереност на земјата, нема никаква правна сигурност и нема правда. Законот ќе биде притисок на оние носители на јавни функции кои не се под санкции и стравот да не бидат. Тој страв ќе ги направи такви да направат чудесни работи од кои допрва народот ќе се чуди што го снашло.

9. Што ќе биде последица на сето ова? Тоа ќе резултира со тоа што способните и паметните луѓе во земјата се повеќе ќе се повлекуваат од политиката и јавните функции ќе ги преостапуваат на помалку способните, на неспособните и безкичмењаците, процес кој веќе е почнат во Македонија. Тоа ќе води кон натамошни неуспеси и пропаѓање на државата, а по 10-15 години тие амбасади заедно со народот ќе се прашуваат зошто толку слаби и неспособни личности ја водат политиката, кога тие познаваат и многу попаметни и поспособни во таа земја, кои сепак не сакаат да ризикуваат. И со право. И секако, тоа ќе значи зависност на државата и сериозна потчинетост. Поголема и поголема.

10. Незнам зошто толку многу власта настојува земјата да ја направи протекторат и да ја предадат сувереноста на други земји. А факт е дека ниту опозицијата нема храброст да реагира. Дали тоа го прават за да се додворат некому за да добијат политичка подршка од нив во отсуство на подршка од народот, или до толку се чувствуваат неспособни или безбнадежни самите тие како носители на највисоки функции да го зајакнат системот и да ги решат проблемите на народот со криминалот и корупцијата, или пак се плашат од некој други конкуренти од актуелната политичка сцена во државата па веруваат дека вака ќе се заштитат, или од се по нешто?
Но, што и да е, прават голема грешка која може и ним да им се врати еден ден како бумеранг. На народот секако дека ќе му се врати. Некој ќе рече, па може ли полошо од ова? Да, може!

11. Јас знам дека македонските револуционери од крајот на 19. и првата половина на 20. век повремено ја афирмирале идејата за Македонија како протекторат на големите сили пред се Англија и Америка. Но, тоа е во услови кога сме биле под османлиска или српска власт, под туѓо ропство, без големи шанси за сами да се ослободиме, па фазата наречена протекторат ја гледале како чекор кон независна и суверена држава Македонија. Значи скала пред конечната цел: независност и сувереност. А сега имаме се: држава, парламент, институции, војска, валута, надворешна политика, безбедносни сили, слобода да носиме одлуки, слобода да избираме и менуваме политичари и партии, слобода да градиме систем каков што сакаме, имаме независност, сувереност(иако веќе значајно намалена), имаме слободни избори и демократија (каква-таква), и ние сакаме да одиме кон протекторат, па уште и дел од народот се радува на тоа. Нема втор пример во светот како овој.
Не можам да поверувам што и се случува на Македонија.

12. И така, наскоро одкако ќе се донесе Законот, сите политичари ќе ветуваат на народот пред избори и ќе му велат дека ќе му служат и ќе исполнат што му ветиле. Потоа, тоа што ќе кажат овие со санкциите во рака, тоа ќе биде. Од страв политичарите ќе кројат политики мотивирани по испиено кафе со странски преставник. Пак ќе кажам: тоа не е држава, тоа е губење на државата. Граѓаните со тек на време ќе се обесхрабрат да излегуваат на избори, бидејќи ќе знаат дека тоа е само губење време за нив. Потоа со некоја мала излезност на неколку изборни циклуси ќе почне да се поставува прашањето дали воопшто Македонија треба да биде држава или да се приклони кон друга посилна држава, односно држава што не е протекторат, па барем таму ќе може народот нешто да одлучува. Има ли некој политичар да погледне напред 5, 10, 20 години и да помисли на што ќе личи ваква Македонија и дали би сакал тој и неговите деца да живее во протекторат.
Оти едно е да живееш во ЕУ земја или во САД, тоа е добро, а друго е во нечии и сечии протекторат. Не е исто. Таму во тие земји политичарите имаат одговорност пред народот, бидејќи народот ги бира на избори и ги менува на избори.

А тука дури и формално не би имале никаква одговорност за секоја одлука на политичарите од други земји избрани од друг народ, од народот таму. Македонските политичари ќе станат администрација. Народот на избори ќе бира администрација. Не дека и сега политичарите се многу самостојни, но после ваков закон, тој проблем ќе се продлабочува и нема да застане тука. Неодмана се укина правото на опозицијата за филибастер. Никаде во Европа и во демократските држави во светот тоа не е укинато. Македонија е прва.

Сега ќе бидеме први во светот и по ова. Пред некој ден му го раскажував сето ова со новиот закон на еден многу искусен и успешен човек тука каде живеам, кој не е во политиката, но многу добро ја разбира. Внимателно ме ислуша, одкако ме праша што има ново во Македонија, а јас му го кажав токму ова. Од како завршив, молчеше околу 20 секунди и размислуваше, молчев и јас. На крајот ме погледна и ми каже: тоа не е можно!!!“, вели Груевски.

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

A1on

Мицкоски: Преписката со Груевски не ме прави среќен, но нема да прифатам валкани сценарија за промена на Уставот

А1он