(ВИДЕО) Груевски: Македонија-европска авангарда со Законот за декриминализација

Од:

Владата е убедена дека нивната работа и посветеност ќе бидат валоризирани во следниот извештај на Европската комисија за напредокот на државата.

Груевски на средбата со Филе, овие очекувања ги темелеше на неколку, според него битни факти: ја посочи декриминализацијата на клеветата како чекор напред кон приближување на исполнувањето на критериумите на Европската унија.

Премиерот е убеден дека овие законски решенија ја прават Македонија, европска авангарда во законско-правните стандарди.

Груевски призна пред Филе дека односите во коалицијата се комплексни и дека коалициските пратнери се соочуваат со предизвици кои настојуваат да ги решат и да ги надминат.

На средбата, за прв пат досега биле споменати и добро соседските односи.

Според Груевски, македонската посветеност во односите кон соседите не треба да се базира и да се сведе на спорот со името, за кој не пропушти да потенцира, дека е наметнат и вештачки создаден спор од страна на Грција.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија