Груевски: Коалицијата Црвенковски – Тачи е на база на интриги и интереси

Од:

Груевски и Ахмети ја коментираат и критикуваат најавата за соработката Црвенковски – Тачи. За Никола Груевски, СДСМ не е партија која држи до зборот и коалициите што ги прават лесно може да ги растурат, бидејќи, вели, станува збор за договори на база на интриги и личен интерес.

„Неодамна имавме можност да видиме таква коалиција меѓу Црвенковски и Георгиевски, еве сега меѓу Црвенковски и Тачи, луѓе кои само заради личен интерес и што побрзо доаѓање на власт се обидуваат да скрпат некаква коалиција на какви било основи, рече Премиерот во изјава за медиумите.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека неговата партија нема да коалицира со ниту една друга партија за локалните избори. Дури ниту со ВМРО-ДПМНЕ.

Партискиот врв на ДПА, на вчерашното заседание му даде овластување на Мендух Тачи да преговара со Бранко Црвенковски и СДСМ за можна изборна соработка.

Деталите Црвенковски и Тачи ќе почнат да ги договараат утре, на половина пат Скопје-Тетово.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага