Груевски: Јас сум во Будимпешта и побарав политички азил

Од:

Поранешниот премиерот Никола Груевски попладнево се огласи со статус на својот фејсбук профил во кој вели дека е во Унгарија каде што побарал политички азил од тамошните власти.

„Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот.

Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од Унгарските власти.

Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам“, напиша денеска поранешниот премиер Никола Груевски на својот Фејсбук профил.

Се уште нема потврда дали Груевски е навистина во Будимпешта или пак некој друг преку неговиот профил се обидува да ја попречи потрагата по експремиерот.

Од вчера попладнето Груевски се бара со национална потерница заради издржување двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски