Груевски: Избори ќе има, кој сака нека учествува

Од:

Услови за избори има и избори ќе се одржат, а на нив може да се учествува или да не се учествува, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешната прес-конференција.

– Заплашување на избори нема и не смее да има, доколку има ќе одговара секој. Ќе има посебен оддел кој ќе се занимава со ваквите случаи, нема да толерираме такво нешто. Бројките од 300.000 и 500.000 се чиста лага. Сакаат да внесат забуна кај гласачите. Какви 500.000, зарем некој верува дека тоа е возможно. Покрај сите набљудувачи јас сум убеден дека никој, ниту СДСМ сами не си веруваат во оваа небулоза. Доста беше, одиме на избори и нека победи подобриот, нека победи тој во кого граѓаните имаат поголема доверба. Оваа криза мора да заврши и зад оваа криза не стојат никакви заложби за слобода на медиуми ниту демократија и борба против корупцијата, стои немоќ, страв, фрустрации, обид за поткуп на идентитет и насилна промена на власта во Република Македонија од страна на опозицијата која е изгубена во својата безидејност и не се занимава со политика, идеи, решенија, туку шпионажа, уцени, деструкција. Тврдам дека во ваква ситуација изборите се излез од кризата и тука немам никакви дилеми. Ова е слободна земја и овде народот одлучувал и ќе одлучи кој може да се справи со реалните предизвици и секојдневни потреби и проблеми, кој нуди решенија можности, подобар стандард, инвестиции – рече Груевски.

Во продолжение лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече: Оваа криза мора да заврши. И зад оваа криза не стојат никакви заложби за слобода на медиуми, ниту пак некаква демократизација или борба против корупцијата, зад оваа криза стои немоќ, страв, фрустрација, обид за поткопување на идентитетот, и обид за насилна промена на власта во Македонија од страна на опозицијата која е изгубена во своја безидејност, и не се занимава со политика, со програми, со идеи, со решенија за реалните проблеми на граѓаните, туку најмногу со шпиунажа, со уцени, со деструкција. И сето тоа е со план.

Тоа мора да запре. Знам дека многумина од вас ги гледаа изборите како излез од кризата, и во право сте. Само со изборите и препуштање на волјата на народот може кризата да заврши, но што во една ваква ситуација. Јас тврдам дека и во една ваква ситуација, изборите се излез од кризата. Односно се дел од излезот од кризата и тука немам никакви дилеми, а не треба да има и никој друг. Ова е слободна земја, и овде народот одлучувал и ќе одлучи кој може да се справи со неговите реални предизвици и секојдневни потреби и проблеми, кој нуди решенија и кој нуди можности и кој може да помогне да се реализира тоа што на секој најмногу му треба, нови работни места, подобар стандард, повеќе инвестиции во сите области. Тоа е суштината на политиката и тоа е причината зошто некој треба или не треба да добие доверба.

Две години сме заложници сите ние, сите вие, неправедно, затоа што покажувате достоинство и гледате јасно што се случува во државата.

Некој ве потцени, и тоа е цената на лошата проценка.

Ова е Република Македонија, и тука не проаѓаат шаблонизирани сценарија предавани на курсеви, тука живее горд народ кој си ја сака државата и знае да направи разлика.

Но, времето на конфликтност мора да заврши, тука не се работи за Никола Груевски или Зоран Заев, тука се работи за секој еден граѓанин, за вас новинарите кои сте пред мене денес, за граѓаните кои ме среќаваат секој ден, за цела Македонија, и затоа ние одлучивме да ставиме крај на агонијата и кризата на ваков начин. Доста беше. Одиме на избори. Одиме на избори и нека победи подобриот, нека победи тој во кого граѓаните имаат поголема доверба.

Ние мора да научиме од своите грешки, но не во насока како што тоа некои го посакуваат, на деструкцијата и гневот да одговориме со уште поголема деструкција. Ние мора да одиме напред и да ја движиме земјата напред. Од минатото да извлечеме поуки, да ги исправиме грешките, затоа што не сме безгрешни, и да продолжиме со тоа што граѓаните го очекуваат од нас.

Според сите анкети, и сите можни аналитичари, домашни и меѓународни, ова го знаат и сите амбасадори во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ убедливо води пред СДСМ. Тоа го знае и лидерот на опозицијата. Распонот на поддршка се движи речиси во двојна предност за ВМРО-ДПМНЕ во одност на СДСМ. Тоа е огромна разлика. И верувам дека се вистинити пишувањата дека се забранувало објавување на вакви анкети од некого и дека раководството на опозицијата било доста нервозно.

Тоа е причината зошто СДСМ не сака да оди на избори. Многу јасно и многу едноставно. Тоа и ништо повеќе. Прашањето е дали заради тоа, заради неколку лица таму, цела држава треба да се држи во заложништво?

Го слушав вчера лидерот на опозицијата дека биле активни на терен и дека нарачале маички за избори, сакаше да не убеди сите нас дека се спремал за избори, ама ете оваа диктаторска власт како што тој вели не ги исполнила критериумите и немало простор за слободни избори.

Ние не можеме да чекаме, Македонија веќе нема трпение да не чека да се надмудруваме, да си подметнуваме, ние тоа не го сакаме.

Ете то се случуваше вчера и ние се согласивме на се. Нека прочистуваат нека докажуваат, затоа што нема никаков проблем со избирачкиот список. Никаков. А тоа дека мртви гласале, тоа дури и вчера кога го кажа Заев звучеше толку неубедливо што само покажува со колкава леснотија овој човек си дава квалификации без око да му трепне.

А да не зборувам за сите отстапки изминативе година дена, за кои сте и самите свесни дека ги направивме, честопати критикувани зошто тоа го правиме, а заклучно со отпстапките за мое повлекување, обезбедување на функционерски места на опозициски претставници во сите клучни министерства кои ги побараа, и промена на датумот 24-ти април кој беше договорен меѓу сите и изгласан и од СДСМ во собранието. Значи гласаа за 24-ти април па правеа се за да нема избори. А притоа и министерот за внатрешни и секретарот на ДИК со се претседателот се нивни луѓе, а ние имаме само двајца од 9 претставници во ДИК. Е исто е и овојпат со 5-ти јуни.

Ете тоа е вистината. Услови за избори има и избори ќе се одржат. Секој може да учествува на тие избори или да не учествува, и тоа е слобода, односно и негласањето или неучествувањето на избори е одлука и еден вид учество во демократија. Така функционира демократијата. Мнозинството одлучува.

Денес е важен ден за нашата демократија. Навистина изминативе две години беа тешки години за сите нас, години на долга и тешка битка за Македонија.
Политичката криза ни го одвлече целосното внимание од реалните потреби на граѓаните, но и во едни такви околности ние постигнавме многу работи за кои говорев за време на нашиот отчет. На моменти се доведуваше во прашање позицијата и улогата и кредибилитетот на политичките лидери, и ниту една партија не остана иста, и не оштетена. Нашиот народ живееше под облакот на несигурноста и неизвесноста. Сето ова нашиот народ го трпеше и истраја. На моменти личеше дека сето ова не може да заврши, не се гледаше крајот.

Мора да се потсетиме дека народот на Македонија со векови страдал за да обезбеди слободна и суверена држава во која секој ќе има право на слобода, демократија и само определување. За сета таа борба, за сета таа жртва, за сета крв и солзи оваа криза која ни се случува овој пат ќе се решава со гласачкото ливче. Тоа говори многу. Народот одлучува во оваа земја! И како ќе одлучи така и ќе биде.

Сакам да потенцирам уште една работа. На нас ни треба силна опозиција. Силна опозиција и силен лидер на опозицијата нема да се вовлекува во ситуации како господинот Заев се вовлекуваше во интриги и шиунски игри. Силна опозиција значи и дека некој постојано ќе ни дише во врат и ќе не корегира на дневна основа. Ние тоа го посакуваме, да разговараме отворено и заеднички да се договараме за стратешките правци на државата.

Да не бидам сфатен погрешно, тоа е одлука на СДСМ како ќе се однесува, и ние како што истакнав не се занимаваме со тоа кој е претседател таму, како ќе оценат тие така, туку со тоа како ние заеднички да продолжиме да ја градиме оваа држава, како власт и опозиција да диксутираме отворено и нормално, а не преку паралелизам, како да ги исправаме грешките. Изборите се натпревар. Отсуството на СДСМ од избори ќе остави дамка. Но штетата за државата е поголема ако се стои во агонија, отколку ако се оди на избори. Ако остане агонијата и деструкцијата ќе користат сите што не и мислат добро на државата.

Во периодот додека сме на власт преку 150 илјади нови работни места се отворени. Ние имаме план како таа бројка значително да се зголеми. Ќе продолжиме со проекти за подобар стандард на граѓаните, со поттикнување на бизниси за мали и средни претпријатија, но и за големите компании. Ќе градиме патишта, автопати, мостови и железничка инфраструктура, енергетски проекти. Работевме многу на изградба на нови училишта, градинки, спортски центри и сали, универзитети, студентски домови и други вакви проекти. Ќе продолжиме уште посилно со конкретни чекори.

Младите луѓе ќе бидат на првата линија на нашиот план за развој и раст. Тие се нашата иднина.

За пензионерите, докторите, земјоделците имаме серија од сериозни проекти и мерки, кои ќе им помогнат значително.

Денешниот ден ќе биде пресврт. Ве повикувам да ни се придружите. Да го подигнете гласот за нашата кауза, за нашата цел и програма. Ве повикувам да работиме заедно за да заврши оваа криза. Да ни се приклучите во нашите идеи, за харбри и големи чекори.

Затоа што тоа е духот на нашиот народ! тоа е духот од минатото кој тлее во сите нас, тоа е исправената кичма и во најтешки времиња, тоа е нашата храброст. И ние ќе успееме заедно со вас, затоа што вие сте нашата сила и со вас заедно нема нешто што е неизбежно, одиме храбро напред, Македонија мора да оди напред, македонија мора да создава и работи за тебе, за твоето семејство, ова е твоја земја и немаме резервна, одиме напред, доста беше, одиме напред заради Македонија и заради нашиот народ!

Би можело да ве интересира

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во раководството има само верни слуги на Заев

(ВИДЕО) Лефков: Аврамовска Мадиќ не може да е ново лице во СДС

ВМРО-ДПМНЕ: Аврамовска Мадиќ ја интересираат само големи месечни хонорари и местење милионски тендери

Стојаноска: 250 милиони евра годишно ќе одат за општините, а СДС додека беа на власт камче не фрлија

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно