Груевски: Инвестицијата што ја најавува Заев, Владата ја работи цела година

Од:

Премиерот Никола Груевски денеска изјави дека холандската инвестиција што вчера ја најави струмичкиот градоначалник Зоран Заев е инвестиција на која како Влада работат цела година.

– Тоа е инвестиција која ја работиме цела година. Тргна од нашиот промотори и амбададор во Холандија, а потоа ја преземаа министрите Веле Самак и Агенцијата за странски инвестиции. Беа кај мене пред локалните избори, но тоа јас не го објавив, бидејќи тоа е култура на однесување со инвеститорите. Беа и кај вицепремиерот Владимир Пешевски и кај повеќе владини министри кои ги носеа да посетат многу локалции. Веќе сме во финална фаза на потпишување на договор за државна помош, така што се надеваме дека сето тоа ќе успее, изјави Груевски.

Тоа што Заев одлучил вчера да објави и да си ја препише инвестицијата на себе, како што рече Груевски, му го остава на него и на неговите карактерни склоности.

Градоначалникот на Струмица вчера најави холандска инвестиција во струмичкиот регион со која ќе се отворат нови 250 вработувања.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица