Груевски: Интересот за огласот за раководни функции над очекувањата

Од:

Одѕивот за огласот што го објави Владата за раководни функции е над очекувањата. Досега се пристигнати околу 640 апликации, а се очекува нивниот број да се зголеми до крајниот рок.

Ова го изјави денеска премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на 50 дела од проектот „Ѕвезди на светската книжевност“.

– Досега има околу 640 апликации, а се уште не е дојден крајниот рок. Вообичаено, во нашиот менталитет е во последниот ден да доаѓаат најмногу апликации, но и досега можам да кажам дека одѕивот е голем и можеби е над очекувањата бидејќи со овој оглас не бараме квантитет, туку квалитет. Нашиот апел не ни беше кој ќе стигне да се јави на огласот, туку оној што поседува највисоки знаења, искуство, квалитет и талент за менаџирање со институции. Во тој контекст можам да кажам дека има и повеќе отколку што во овој момент очекувавме и најверојатно во последните денови бројката ќе биде многу поголема, рече Груевски.

Тој истакна дека целта била да се привлечат најдобрите и да им дадеме можност да ги водат позначајните државни институции во кои се ослободуваат места во текот на оваа година.

Во огласот, како што информира премиерот, е додадено уште едно место, односно директорката функција во скопскиот Катастар за која се надева дека ќе има интерес.

– Од денеска е додадено уште едно место со оглед на тоа дека Диме Спасов вчера беше инаугуриран и прифатен од Парламентот за министер за труд и социјална политика. Тој го ослободи местото во скопскиот Катастар така што денеска додадовме уште едно место кое што се надевам ќе побуди интерес кај многу граѓани, нагласи Груевски.

Би можело да ве интересира

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски