Груевски: Иницијативата на Филе е добра за процесите

Од:

Иницијативата на еврокомесарот за проширување Штефан Филе за трилатерална средба во која би се вклучиле шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос и министерот за надворешни работи Никола Попоски е добра за надминување на спорот за името кој ја блокира евроинтеграцијата на државата.

– Нема ништо лошо во тоа. Нека има почести средби, нека се среќаваат министрите. Би прифатил доколку се организира некоја средба со грчкиот премиер. Нашата намера е да бараме решение и да најдеме решение за овој проблем. Ако и нивната намера е таква, тие не би требало да одбегнуваат такви средби. Се надевам дека во иднина ќе ги има почесто и со ваков вид посредници и без посредници, рече премиерот Груевски на новинарско прашање по промоцијата на нови наслови од владиниот проект за превод на стручни книги.

Во врска со Изборниот законик тој изјави оти сите оние работи кои што беа препорачани од ОБСЕ и се однесуваат на локалните избори се прифатени.

Би можело да ве интересира

ЕУ подготвува санкции против САД поради Гренланд

Европа се подготвува да испрати војници на Гренланд

Мема: Урсула фон дер Лајен се обидува да ја претвори ЕУ во Четвртиот Рајх

Европската Унија го укина роамингот за Украина и Молдавија

Медведев: Украинскиот народ стана „топовско месо“ за европската цивилизација

Медиуми: Европа го изневери Киев со својата одлука за рускиот имот

Горан Наумовски