Груевски и Заев на средба за деблокирање на ад-хок Комисијата

Од:

Премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ Зоран Заев, во обид да ја одблокираат Комисијата за собраниските настани на 24 декември, денеска ќе се сретнат во Владата, објави 24 вести.

Од СДСМ велат дека Груевски го поканил лидерот на СДСМ за средба за да се обидат да најдат излез од состојбата во која е заглавена ад-хок Комисијата, по оставката на претседателот Борче Давитковки и несогласувањата меѓу двете парти за правните формулации во Извештајот.

Премиерот Груевски во саботата најави нова стратегија, доколку како што рече, СДСМ не ја деблокира Комисијата.

Би можело да ве интересира

Предложен притвор за осомничениот за убиството кај Смилковското Езеро

Предраг Петровиќ

Уставниот суд го укина Колективниот договор и членот од Законот за култура, одлуката ќе стапи во сила од 1 април 2027

Алијанса за Албанците – Образованието на албански јазик е право за кое не се преговара

Директорката на „Алта груп“ која е во притвор во Белград има фирма во Скопје, објави СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се кратат парите за спортот, со Борко Ристовски македонскиот спорт оди кон пропаст

(ВИДЕО) Радеска: Повторно нема лекови на Онкологија – СДСМ бара оставка од Клековски