Груевски и Заев на средба во Стразбур

Од:

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев денеска попладне во Стразбур ќе се сретнат со тројцата европратеници, Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едуард Кукан.

Тие, како што се очекува, ќе разговараат за излез од актуелната политичка криза во земјата.

Претходно Ховит, Вајгл и Кукан во Брисел имаа средби со претставници на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, но детали од средбите не беа соопштени.

Европратеникот Ховит присуствуваше на неделниот протест на СДСМ пред Владата, а вчера имаше средба со претставници на ВМРО-ДПМНЕ кои му соопштија детали за нивниот синоќешен собир.

– Јас сум тука да набљудувам и нема  да се обидам да лоцирам вина кај едната или другата страна, тоа не е одговорно однесување, во случај кога сте дел од посредништвото кое треба да ја разреши политичката криза, изјави Ховит.

Во текот на денешниот ден, Груевски и Заев во Стразбур ќе се сретнат и со еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан.

Македонија, Турција и Унгарија утре, пак, ќе бидат на дневен ред и на новата сесија на Европскиот парламент. Европратениците во Стразбур ќе расправаат за политичката криза во Македонија и настаните во Куманово.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски