Груевски и ВМРО-ДПМНЕ многу скоро ќе објаснат за банкротот на граѓаните и државата

Од:

СДСМ се огласи со соопштение за објавата во еден медиум околу финансирањето. Еве што стои во соопштението:

Текстот во Република, пренесуван од медиумите под контрола на Никола Груевски, само потврдува дека СДСМ како партија на граѓаните, како и сите други граѓани во Р.Македонија, се финансира согласно законските прописи во државата, од членарини, донации и преку кредити.

Сето тоа е во рамките на позитивните законски прописи.
Разбирливо е чудењето на Груевски и нивните мегафони, ако се земе предвид дека Никола Груевски и неговата власт 10 години работат противзаконски, богатејки се со криминал и корупција преку грбот на граѓаните до рајските земји.

ВМРО-ДПМНЕ е партијата којашто пред граѓаните и пред надлежните институции многу скоро ќе мора да објасни од каде им се милионите за лични и партиски цели со коишто ги донесоа луѓето и државата до банкрот.
Од кои средства ја подигнаа нивната тврдина, тешка според проценките меѓу 15 и 30 милиони евра.

Како Груевски ја покри финансиска дупка на партијата од 3.500.000 евра констатирана во извештајот на ВМРО-ДПМНЕ за изборите во 2011-та година?

Или, ако се вратиме уште поназад, ќе стигнеме и до парите во кеш што ги примала лично Јанкулоска како генерален секретар на партијата и почетоците на криминалната империја на Груевски и неговите помошници.
Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ направија историско финансиско злосторство на државата, задолжувајки ги граѓаните со огромни 450 милиони евра плус камати!

Јавниот долг на Македонија го качија на неверојатни 5 милијарди евра или 54% од БДП и тоа без скриените долгови!
Го спроведоа криминалниот проект Скопје 2014 година тежок над 630 милиони евра!

За сето ова, Никола Груевски и неговите соработници, ќе одговараат!

Би можело да ве интересира

СДСМ: Петмина уапсени во Брвеница, Мицкоски има фотографија со еден од нив

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

(ВИДЕО) Филипче: Поддршка за протестот на работниците, платите за време на СДСМ драстично пораснаа

СДСМ: Мицкоски, ги применува истите тие правила на својот учител Груевски

Горан Наумовски

СДСМ: Го поддржуваме протестот и барањата на работниците

Горан Наумовски

Нелоски: Татко ми има право на приватен бизнис, фирмата никогаш не добила тендер