Груевски: И на Македонците и на Албанците им се потребни нови работни места

Од:

Синоќа кога СДСМ беше тука во Велес на митинг, освен тоа што исфрлиле грст навреди кажале и дека градот бил многу поубав затоа што вмровците не биле во Велес, туку на митинг во Скопје. Јас не се согласувам со тоа. Сите се синови и ќерки на Македонија. Не смееме да се делиме и да создаваме омраза, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и носител на кандидатската листата во четвртата изборна единица на вечерашниот митинг во Велес.

– Немојте да го закрвувате народот, делиме иста судбина и исти проблеми. Зла крв не ни треба, им порача Груевски на СДСМ.

Две ипол години, додаде тој, Македонија е под заложништво на Заев, но веќе е време е да се ослободи.

– Добија се што бараа за да дојдеме до овие избори- министери, заменици, друг премиер, доминација во Државната изборна комисија, услов им беше и да го имале министерот за внатрешни работи, бараа СЈО, еве им една година имаат специјално јавно обвинителство, бараа еден куп други работи и мислеа дека нема да ги прифатиме за да можат Македонија вечно да ја држат во заложништво. Но, ние прифативме се, бидејќи ние веруваме во нашиот народ.

Сакаа, додаде тој, да не прикажат во најцрно светло.

– Слушавме по медиумите, какви пораки Заев испраќал до Мендух Тачи- дека некој го спрема и ќе го намести за премиер. Да му порачам на Заев дека за тоа кој ќе биде премиер во оваа држава бира народот. Таа работа се заслужува. 11 ипол години ја држи власта во Струмица, одете таму и прашајте што направил од сето тоа што го говори. Народот знае кои сме и добро не познава. Добро се сеќава дека во време на СДСМ не само што не се отвораа фабрики, туку и се затвораа.

Груевски истакна и дека покрај виткање на кичмата, Заев сака и двојазичност.

-Ние немаме ништо против Албанците, сакаме со нив да живееме во мир и слога, но ова што ни го прави некој преку Заев сака да ни ја растури слогата. Давање на такво ветување за целосна двојазичност, ќе ни направи нови фрустрации и поделби, а на Македонците и Албанците не им е потребно тоа. Потребни им се подобра економија, нови работни места, повисоки плати, пензии, субвениции, економски напредок, подобра животна средина. И на сите нас потребно ни е земјата да стане членка на НАТО и ЕУ, а не да се движи назад со деструкциите на Заев, подвлече Груевски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски