А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Груевски и Мијалков на црната листа на САД

by А1он11/04/2022 - 17:2011/04/2022 - 17:231105
Share0

Поранешниот премиер Никола Груевски и Сашо Мијалков се меѓу тројцата државјани на Македонија кои се допишани на црната листа на САД.

Добивај вести на вибер

Стејт департментот денеска објави дополнување на црната листа со лица кои доаѓаат од Балканот, меѓу кои има тројца македонски државјани.

„Во неговото службено својство на премиер, Груевски беше вмешан во коруптивни дела кои вклучуваа користење на неговото политичко влијание и официјална моќ за лична корист. Поточно, има веродостојни информации дека Груевски ја злоупотребил моќта на својата функција за да бара и прима мито во замена за владини договори, присвоил јавни средства и се мешал во изборните процеси за да има политичка корист за себе и за неговата партија.

Во своето службено својство на директор на УБК, Мијалков бил вмешан во коруптивни дејствија кои вклучуваат користење на неговото политичко влијание и службена моќ за лична корист. Поточно, има веродостојни информации дека Мијалков ја злоупотребил моќта на својата функција за да бара мито во замена за владини договори и се мешал во изборните процеси за да има политичка корист за себе и за неговата партија“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Покрај Груевски и Мијалков, на листата е и Џемаљ Хисени, за кој пишува само дека е роден во селото Лојане.

За Груевски е наведено дека престојува во Унгарија, а е роден во Македонија, додека за Мијалков дека е познат и под псевдонимите Алекс и Александар.

nikola gruevskisadsaso mijalkov

Би можело да ве интересира

Макрон ги повика САД и Иран да се вразумат

Горан Наумовски19/03/2026 - 22:26

Во САД се „отвара“ скандал за војната во Иран

Горан Наумовски19/03/2026 - 20:05

Вашингтон со нова инвестиција за намалување на зависноста од увоз на минерали

Катерина Ѓуровски19/03/2026 - 11:57

Иран: Заробивме американски шпиони

Горан Наумовски18/03/2026 - 13:22

„Њујорк тајмс“: Белата куќа го нападна Иран без никаква стратегија

Горан Наумовски17/03/2026 - 21:41

Ројтерс: Хамнеи го отфрли предлогот за прекин на огнот со САД

Горан Наумовски17/03/2026 - 18:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен