Груевски: Граѓаните не ги бираа СДСМ да земаат апанажи и да седат дома

Од:

СДСМ повторно одлучи да го прави истото како во времето на Бранко Црвенковски и да делува вонинституционално со што и прави штета на Република Македонија, оцени денеска премиерот Никола Груевски.

По промоцијата на нови дела од проектот „Македонски искушенија“ тој посочи дека таквото однесување граѓаните го оценуваат на избори.

– Во однос на најавите за вонинституционално делување, ние во минатиот период видовме каков тип на делување има Бранко Црвенковски со излегување и дебати на улиците, говори на коли и слично, но видовме и како на тоа реагираа граѓаните на изборите. И кога Бранко Црвенковски излезе на избори каков пораз доживеа и кога Зоран Заев излезе на избори каков пораз доживеа. Сепак, тие одлучија повторно да го прават истото и со тоа во исто време да направат штета за Република Македонија, изјави Груевски.

Во однос на најавите за апанажи, премиерот нагласи дека граѓаните не ги избрале пратениците на СДСМ да земаат апанажи и да седат дома.

– Што се однесува до апанажите, досега не слушнав ниту еден коментар дека тие нема да ги користат апанажите што значи дека избраа да не бидат во Парламентот, а да користат апанажа. Граѓаните не ги бираа нив за да земаат апанажи и да седат дома, граѓаните ги бираа да одат во Парламентот и за тоа да бидат гласани, нагласи Груевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага