Груевски го запозна Бренгелман со иницијативата за динамизирање на разговорите за името

Од:

Реформите кои се реализираат во Република Македонија за реализацијата на 14. циклус од Планот за пристапување во членство на земјата во НАТО и за евроатланската интеграција, како и последната иницијатива од македонска страна за забрзување на разговорите за името беа теми на денешната средба на премиерот Никола Груевски со помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, Дирк Бренгелман.

– Премиерот Груевски ја акцентираше стратешката определба за членство на Република Македонија во НАТО, и посветеноста и искрената заложба за надминување на предизвиците на тој план. Притоа, премиерот Груевски го запозна соговорникот со последната иницијатива, која од негова страна беше испратена до премиерот на Република Грција за интензивирање и динамизирање на разговорите под покровителство на Обединетите нации околу надминувањето на отвореното прашање меѓу двете соседни земји со цел евроатланска и европска интеграција на нашата земја, стои во соопштението.

Оваа иницијатива на македонскиот премиер, како што се наведува, беше позитивно оценета од страна на помошник генералниот секретар на НАТО Бренгелман.

Според соопштението од владината прес служба, двете страни изразија позитивна оценка за реализацијата на Планот за пристапување во членство на Република Македонија во НАТО (МАП).

Соговорниците го истакнаа значителниот придонес, кој нашата земја го дава во реализацијата на политиките и активностите на НАТО алијансата, при што особено беше потенцирана улогата и достигнувањата на припадниците на Армијата на Република Македонија во меѓународните мисии на Алијансата.

Беше разговарано и за реформите кои се преземаат за модернизација на нашата земја, при што двајцата соговорници дадоа позитивна оценка за истите, како и за унапредувањето на политичкиот дијалог во земјата.

Соговорниците разменија мислења и на други теми во врска со соработката помеѓу Република Македонија и НАТО алијансата, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени