Груевски ги слушаше необјавените бомби, за неговиот адвокат тоа се аудио креации

Од:

Поранешниот претседател на Владата, Никола Груевски слушаше бомби по 21 часот во судницата за предметот „Тенк“, што се однесува на набавката на мерцедесот. Беа пуштени 8 бомби од кои 4 што не беа јавно објавени.

Во една од бомбите, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска разговара со Груевски и му вели дека човекот од кој ја очекуваат спецификацијата за “мерцедесот” е договорен.

„За да не ни улета некој друг“, разговараше Јанкулоска со Груевски, зашто според неа, понудата е 100 проценти електронска и има малку простор за интервенција. Вели дека би можела да улета конкурентската фирма ама не би требало да има проблем.

Тоа на “м”, Јанкулоска и бившиот генерален секретар на владата, Кирил Божиновски, меѓусебе го викале триаголникот.

„Ние ова го праиме за да биде извесно, а за набавката на 150 возила да биде неизвесно за да се спушта цената”, му вели Јанкуловска му вели на Божиновски во една од бомбите.

Таа на обвинетиот Ѓоко Поповски, заменик министер во МВР му кажува дека имаат проблем со буџетот во МВР.

„Од дополнителна опрема да има телевизорче за деца. Нам ни е битно испораката да биде побрзо, а исплатата покасно“, му вели Јанкуловска на Поповски.

„Тој шо треба од таму да ни каже да пишеме за да испадне како што сакаме”, разговара Јанкуловска за човекот од компанијата.

Во другиот разговор Никола Груевски и вели на Јанкулоска да не објавуваат за мерцедесот до локалните избори

„Ќе го користиме кога ќе поминат“, вели Груевски.

„До локалните нека биде вака, за да не се дознае“, додава тој.

По емитувањето на бомбите, адвокатот на Груевски, Димитар Дангов, рече дека бомбите се “аудио креација на неидентификивани гласови”. Тој побара да се одбијат како докази во обвинението пред судот.

Претходно судот на адвокатите им ги одби сите 5 приговори за да не се слушаат бомбите во судницата.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

САД: Судијата го отфрли барањето на Ријад за поддршка на киднаперите од 11 септември 2001 година