Груевски единствен кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Само една кандидатура, онаа на актуелниот претседател Никола Груевски била доставена до партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ до рокот кој истече денеска во 15 часот, во пресрет на Конгресот на владејачката партија за избор на претседател кој ќе се одржи утре и задутре во Куманово, пишува Курир.

Според партиските извори на овој медиум, зад кандидатурата на Груевски застанале голем број на делегати, основачи на партијата, претседатели на месни и општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ, видни интелектуалци, како и делегати кои краток период биле надвор од партијата, а сега повторно се вратиле.

Викендов ќе се одржи петнаесетиот партиски конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Настанот ќе се одржи во Куманово, а на него ќе присуствуваат 560 делегати избрани по различни основи.На овој конгрес треба да се избере и претседателот на партијата, а рокот за поднесување на кандидатурата беше до денеска до 15 часот.Кандидатурите требаше да се достават во седиштето на партијата.

Право да предложат кандидат за претседател на партијата имаат најмалку 30 делегати на Конгресот.

Гласањето е тајно и треба да гласааат сите присутни делегати, без исклучок.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски