Груевски: Душата ми се исполни кога ги видов децата со насмевки

Од:

Премиерот Никола Груевски и министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски денеска во одморалиштето „Мајски цвет“ во Струга ги посетија децата од семејства со социјален ризик кои се дел од проектот бесплатен одмор за 3.000 деца.

„Се чувствувам убаво. Душата ми се исполни кога ги видов децата со нивните насмевки и радост. Ќе направам се од себе проектот да го продолжиме и да го зајакнеме, во иднина што повеќе деца на ваков начин кои немаат други можности да ја искористат можноста што државата ја дава да поминат убави мигови, да бидат среќни, задоволни, радосни и насмеан“, изјави Груевски.

Ова чувство, рече Груевски, го имам кога понекогаш ќе ги сретнам земјоделците кои зборуваат за субвенциите што ги примаат и кога ги среќавам пенизонерите на улица кои кажуваат за придобивките што ги имаат од владините мерки.

Проектот за одмор на децата од семејствата со социјален ризик почна да се реализира од 1 јуни и опфаќа деца од четврто до осмо одделение. Бесплатниот одмор досега го искористиле 1.480 деца од социјални семејства заклучно со четвртата група која е во тек, а петтата група почнува на 25 јули. Дел од децата летуваат во одморалиштето „Мајски цвет“ во Струга, а останатите, особено оние кои имаат одредени белодробни заболувања, одат на Пелистер.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски