Груевски: Државниот врв и други политичари и јавни личности се целта на прислушувањето

Од:

Државниот врв во Република Македонија и други политичари и јавни личности се целта на прислушувањето, оцени премиерот Никола Груевски.

– Видовме што се како креирани материјали се лиферуваат во јавноста и била очигледна намерата токму тоа да биде направено со цел да се создаде лажна слика преку извадоци од разговори и креирани разговори. На тој начин сака да се создаде слика за тоа што не е, да се компромитираат луѓе и да се прикажат дека се поинакви од тоа што се, но и да се заборават нивните дела и работа и тоа што го направиле, рече премиерот Груевски.

На тој начин, нагласи, сакаат да се заборават реконструкциите на болниците, изградбата на автопатиштата, градбата на другите патишта, зголемувањето на пензиите и социјалната помош, субвенциите што им се даваат на земјоделците…

– Со еден збор сакаат народот да заборави се што се вложувало во овие девет години и само да се фокусира на делови од креирани разговори врз основа на кои Заев смета дека ќе биде избран и дека ќе дојде на власт што секако нема да се случи, потенцира Груевски.

 

Фото: МИА

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно