Унгарија донела одлука за барањето за азил на Груевски

Од:

Канцеларијата за имиграција и азил во Унгарија донела одлука за барањето на бегалецот Никола Груевски, но оттаму, нема детали дали е одобрено или одбиено, пишува „24.ху“. Унгарските медиуми веќе пишуваат дека барањето за азил на Груевски е одобрено.

Унгарската опозиција ги критикуваше потезите на владата на премиерот Виктор Орбан во врска со барањето азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во таа држава.

На зградата на парламентот беше истакнат транспарент со натпис „Груевски ВИП-мигрант на Орбан“. Будимпешта тврди дека Скопје сè уште не поднело барање за екстрадиција на поранешниот премиер.

Пратениците во унгарскиот парламент жестоко го критикуваа премиерот Виктор Орбан поради начинот на кој Будимпешта го води случајот на експремиерот на Република Македонија, Никола Груевски, кој два дена пред издавање на меѓународната потерница ја напушти земјата и преку неколку држави стигна во Унгарија.

Одговарајќи на прашања на пратениците, државниот секретар Балаш Орбан рекол дека Груевски по доаѓањето во Будимпешта побарал азил, но унгарскиот портал „Индекс“ забележува дека засега нема информации во која држава побарал азил Груевски.

Балаш Орбан исто така нагласил дека Унгарија не му помогнала на Груевски да ја напушти Македонија, како и дека однесувањето на Будимпешта кон експремиерот на Македонија било резултат на безбедносни причини.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски