Груевски до Рот: Приоритет за ВМРО-ДПМНЕ се фер избори

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, оствари средба со државниот секретар на германското МНР, Михаел Рот, при што пренел дека заложба на партијата е надминување на политичката криза, преку одржување на предвремени парламентарни избори согласно одредбите и роковите на изборниот законик кој го поддржаа парламентарните партии во Собранието на Република Македонија.

12669284_10208204066401100_1188682253_o

Претседателот Груевски истакна дека постои доволно време кое треба да се искористи од надлежните институции за сите неопходни процедури кои што ќе го гарантираат изборниот процес.

Груевски во тој поглед истакна дека приоритет на ВМРО-ДПМНЕ се организирање на фер, демократски и слободни избори на кои што граѓаните ќе се одлучат за иднината на државата и дека изборите се единствен излез од наметнатата политичка криза. Тој истакна дека што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ ја дава максималната поддршка во поглед на спроведување квалитетен, фер и демократски изборен процес.

Соговорниците се осврнаа и на темата на евроатланските интеграции при што Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, истакна дека членството во ЕУ и НАТО претставува стратешка цел, за што се преземаат мерките од реформскиот план и во таа насока е добредојдена поддршката на Германија и на останатите земји членки на ЕУ и НАТО, се вели со соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски